Skip to content

Рајко Жинзифов – Близ реката Вардар

Рајко Жинзифов (роден како Ксенофонт Ѕинѕифи; Велес, 15 февруари 1839 – 15 февруари 1877, Москва) — познат македонски преродбеник од влашко потекло и дводомен писател и поет. Бил сестран деец — публицист, преведувач и собирач на народно творештво.

Уживајте во неговата лирска песна Близ реката Вардар каде ја повикува својата љубов да го опсипе со бакнежи кои ќе ја растераат тагата од неговото срце.

Близ реката Вардар

Близ реката Вардар има планина,
При неја полјана, широка она,
А в таја полјана кичеста трава,
Да продумат готова с живи слова.

Тамо, о мила, во шума, во гора,
При ветер прохладен, во глабока зора,
Радостно славеј сја разбудват от сон
И слатко и мило песни пеит он.

И тамо на утро ветер веит чист
И кротко нишат на дрвета лист,
Там радостбо пасит елен виторог,
Там радостно играт кошут брзоног.

Там распуснал си гранки јавор висок,
Он пâлноцветен, гâстолист и широк,
И тој јавор зготвил нам шатор сенлив.
Под него ја седам нажален, сâлзлив.

Тамо, ти мила, дојди при тој си рај,
При мене седни и целувка ми дај,
С поглед умилен на мене погледни,
Горки ми сâлзи и тâга изгони.

Напишете коментар