Skip to content

Крали Марко и Црна Арапина

Рано наутро, на Велигден, Крали Марко тргнал да оди во Света Гора за да се причести. Бидејќи в црква не се оди вооружен, а за да се заштити од евентуални неволји по патот, неговата итра мајка му ја скрила сабјата во гривата на Шарец.

Патем, Марко го видел црна Арапина како води три синџири со робови: едниот синџир со мали деца, вториот со убави девојки, а третиот со млади момчиња. Притоа, дечињата плачеле и Марко се нажалил, па го замолил Црна Арапина да ги пушти робовите, но тој му се заканил дека ќе го стави напред за да ги води робовите. Тогаш, Марко се налутил и тргнал назад за Прилеп за да си го земе оружјето, а притоа силно ги забодел мамузите во белите дробови на Шарец, така што на коњот му протекла крв.

Затоа, Шарец му кажал на Марко за скриената сабја во неговата грива и тој се вратил назад кај црна Арапина, предизвикувајќи го на двобој. Црна Арапина го фрлил боздоганот, но Крале Марко го дочекал в раце и со него го удрил Арапина меѓу очите. Црна Арапина паднал од коњот и Марко му ја пресекол главата и ги ослободил робовите, давајќи им пари за да си купат леб додека патуваат до својот дом.

Кога Марко пристигнал во Света Гора, веќе било доцна и црквата била затворена, а калуѓерите му се потсмевале, велејќи дека сигурно ноќеска Марко се испијанил, па затоа доцнел на причесната. Марко им раскажал за тоа што му се случило, но калуѓерите не му верувале и продолжиле да му се потсмеваат. Затоа, тој им ја покажал главата на црна Арапина, а калуѓерите се исплашиле и повторно ја отвориле црквата, служејќи литургија во чест на Марко.

Процитајте ја народната приказна за козата што се сторила царска невеста.

Напишете коментар