Skip to content

Најубави цитати за искреноста: „Искреноста е првото поглавје во книгата на мудроста“

Искреноста е еден од најубавите и највредни човечки квалитети. За нејзе се вели дека таа е многу скап поклон кој не треба да го очекуваме од евтини луѓе. Без оглед колку може да нè чини искреноста, накрај таа секогаш победува. Велат на лагата ѝ се куси нозете, а ние велиме дека искреноста секогаш ќе биде пред лагата и вреди многу повеќе од секоја кажана лага.

Во продолжение прочитајте ги најубавите цитати токму на тема искреност.

1. „Искреноста е првото поглавје во книгата на мудроста.“– Френсис Бејкон

2. „Ако еднаш искрено сме се заколнале не мораме постојано да се заколнуваме.“ Колку повеќе и почесто се заколнувате толку повеќе сме посомнителни.“ – Душко Радовиќ

3. „За да успееш неопходна е дисциплина. Редовноста, искреноста и трајноста ќе ве доведат до успех.“– Блез Паскал

4. „Биди искрен спрема себе за да не бидеш лажен кон другите.“– Френсис Бејкон

5. „Улогата на искрениот човек – е тешка улога.“ – Максим Горки

6. „Вистинска будала е човек кому бараат негово искрено мислење и тој го дава.“ – Георг Вилхелм Фридрих Хегел

7. „Искреноста е сè што ви е потребно.“ – Кас Елиот

8. „Самодоверба… се заснова на искреноста, почитта, исполнување обврски, верна заштита и несебична работа. Без нив не може да се живее“. – Франклин Рузвелт

9. „Искреноста е најдобра политика.“ – Бенџамин Френклин

10. „Барајте искреност, макар и со неа да се држите во пропаст, само во нејзе е спасот.“– Непознат автор

11. „Бидете подготвени и бидете искрени.“ – Џон Вуден

12. „Посебно не им верувајте на пријателите кои бараат да бидете искрени спрема нив. Тие само се надеваат дека ќе ги поддржите во доброто мислење што го имаат за себе пружувајќи им дополнителна сигурност што ќе ја исцрпат од вашето ветување дека ќе бидете искрени. Ако се најдете во таква положба, не се колебајте: ветете дека ќе ја говорите вистината и дека ќе лажете како најдобро умеете. Ќе одговорите на нивната длабока желба и двојно ќе им ја докажете својата наклонетост.“ – Алберт Ками

Прочитајте ги и следниве цитати за љубезноста и благонаклонетоста!

Напишете коментар