Занимливости и информации Писатели и поети Странски автори

Почина прочуениот писател на трилери Џон ле Кар на 89 години

Џон ле Кар, познатиот британски автор на шпионски трилери полни со неизвесност, почина на 89-годишна возраст.
Вистинско име му е Дејвид Џон Мур Корнвел, а роден бил на 19 октомври 1931 година во покраината Дорсет во Англија.

Неговиот агент во изјава за медиуите рече дека Дејвид Корнвел, познат на светот како Џон ле Кар, почина по кратко боледување во Корнвол, југозападна Англија, во саботата вечерта.

Неговото семејство ја потврдила веста дека умрел од воспаление на белите дробови во болница во саботата вечерта.

„Сите длабоко жалиме поради неговата смрт“, напишале во изјавата, пренесува Гардиан.

Крајот на четириесетите почнал да работи за британските тајни служби додека студирал германски јазик во Швајцарија. Дипломирал на Оксфорд, каде што подоцна и предавал.

После тоа се приклучил на британската разузнавачка агенција МИ5. Инспириран од колегата од МИ5, романописецот Џон Бингам, почнал да објавува трилери под псевдонимот Џон ле Кар.

Автор е на 21 роман.

Во класиците како што се „Кројачот од Панама“, „Ноќниот управник“, „Тајниот аџија“ „Нашата игра“ и други, Ле Кар комбинира лирска проза и сложен заплет, што впрочем и се очекува во книжевната фантастика. Предавство, морален компромис и психолошки данок на тајниот живот на шпионите се теми што се обработувани во неговите книги.

„Момчето, дамата, кралот, шпионот“ и „Луѓето на Смајли“, и „Совршен шпион“ се екранизиани во телевизиски серии.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје