Skip to content

Вилем Класон Хеда, холандски уметник кој сликал мртва природа

Вилем Класон Хеда (4 декември 1594, Харлем – ~ 1680, Харлем) бил еден од првите холандски уметници исклучиво посветени на мртва природа.

Бил современик и пријател на Дирк Халс, сличен на него по сликовниот детаљ и техничката изведба. Но Хеда бил повнимателен и потемелен од Хеда. Покажувал особена вештина и вкус во аранжманот и боењето на чашките, пекарите и бардаците од скапоцен или обичен метал. Тој сликал инзвонредно вкусни нешта. Деликатеси како остриги на богата чинија кои биле често со пресечен лимон, леб, шампањско, маслинки и печива. Дури и пообичните јадења имаат шарм, како да речеме оние со насечена шунка, леб, ореви и пиво.

Едно од најраните ремек-дела на овој сликар, кое датира од 1623 и се чува во Стара пинакотека во Минхен е домашно и домаќинско. Како и подоцнежните во 1651 во Лихтенштајнската галерија, Виена. Полуксузен оброк е прикажан на сликата „Ручек“ (1644) во Аугсбуршката галерија.

Највеќето слики на Хеда се наоѓаат во континентална Европа, особено во галериите во Париз, Парма, Гент, Дармштат, Гота, Минхен и Виена. Хеда бил славен во својот роден град, вршејќи разни важни функции во еснафите во Харлем. Извршил значително влијание врз младиот Франс Халс.

Негови уметнички дела со мртва природа

„Мртва природа со пита, сребрен бокал и краба“ од Вилем Класон Хеда (1658). Масло на платно Франс Халсов музеј, Харлем

Мртва природа со школки (1635)

Десерт (1637)

Појадочна трпеза (1631)

Прочитајте ја и статијата за Џан Лоренцо Бернини, истакнат италијански барокен вајар, архитект и сликар.

Напишете коментар