Skip to content

Барок – уметнички правец кој ги буди сетилата

Барокот го добил своето име од шпанскиот збор барок, што значи бисер со неправилна форма.

Како уметнички правец, барокот се појавува во Европа, во XVII век, кога се афирмираат големите национални монархии. Иако Италија во овој период е расцепкана и слаба, Рим повторно е центар на уметноста. Прмените кои настануваат во овој период доведуваат до настанување на новиот уметнички правец – барок. Барајќи излез од затворените форми, архитектите и вајарите создаваат нови димензии на изразување. Во овој период се создаваат раскошни дела преполни со иновации. Сликарите, кои и понатаму се во центарот на вниманието, сликаат религиозни содржини, но се во потрага по нови ефекти во третирањето на бојата.

Главни карактеристики на барокот

Основните карактеристики на барокот може да се согледаат уште во ренесансните дела. Во одредена доза, барокот е негација на ренесансата. Тој во себе содржи елементи од средновековното христијанство. Во текот на XVII и XVIII век барокот се шири низ Европа. Се среќава во сите сфери на животот и тоа: архитектура, сликарство, литература, музика. Тој е последен универзален стил на Европа кој настанал во Италија и се проширил низ поголем дел од европските држави.

Во сликарството среќаваме елементи кои се прелеваат во илузинистички стил. Во архитектурата се појавуваат пластични елементи, а се употребува сликарството за да се емитираат елементи на градежништво. Барокот на пиедесталот ги става асиметријата и заоблените облици. Негови основни елементи се движењето и динамичноста, што е спротивно на ренесансата.

Барокот во поезијата

Значaен одраз барокот нашол во поезијата. Во почетоците се нарекувал маринизам, а поезијата маринистичка. Маринистичките поети биле мајстори на својот занает. Во изразот постигнувале непредвидена звучност, а сликовитоста и музикалноста на стиховите го достигнувала својот врв. Се пишувале љубовни стихови и особено се тежнеело кон детално опишување на телесната убавина.

Бујна речитост, преоптовареност со зборови, изрази, премногу контрасти и метафори. Тоа се елементите со кои се служеле маринистичките поети. Во оваа поезија хиперболата добива свои димензии и се шири до бескрај. Особено бил изразен контрастот. На пример: ако девојката се капе во море, водата не е доволна да ја изгасне љубовта кон неа.

Типичен претставник на маринизмот е Микеланџело Бунароти. Микеланџело, за време на неговиот живот, се сметал за еден од најголемите уметници, и оттогаш па сè до денес останал да биде еден од најталентираните луѓе на сите времиња. Многу од неговите дела, било да се работи за вајарството, сликарството или архитектурата, се едни од најпознатите дела кои некогаш постоеле. Ние издвоивме неколку негови стихови:

„Чувствувам топлина од оган на мојот ладен лик

кој оддалеку ме затоплува и одеднаш се лади…

Очаен сум да ги почувствувам тие две цврсти раце

кои без да направат никакво движење го поместуваат целиот мој свет..“

Запознајте се со хуманизмот и ренесансата како уметнички правци.

Напишете коментар