Skip to content

Инспиративни мисли за трпението: „Од сите воини најголеми се времето и трпението“

Постарите секогаш нè учеле и ни викале „трпение – спасение“ без многу да го образложат значењето на изреката. Во денешната статија ние одбравме неколку мисли кои ги напишале големите умови токму на тема стрпливост. Еве што значи да се биде трпелив според Толстој, Ниче и други научници и писатели.

Прочитајте ги мислите во продолжение!

1. „Трпението е горко, но му овошјето е слатко.“ – Аристотел

2. „Два најтешки тестови на духовниот пат се стрпливост да чекаме вистински момент и храброст да не се разочараме со она со кое ќе се сретнеме.“ – Пауло Коелјо, Вероника реши да умре.

3. „Ако си трпелив во еден момент на лутина, ќе избегнеш сто денови тага.“ – Кинеска поговорка

4. „Оној којшто е трпелив може да има сè што ќе посака.“ – Бенџамин Френклин

5. „Алтернативата за љубов не е омраза туку трпение.“ – Сантош Калвар

6. „Од сите воини најголеми се времето и трпението.“ – Лав Толстој

7. „Трпението е освојувачка доблест“ – Геофреј Чаусер

8. „Да се чека, да се биде трпелив, тоа значи да се мисли.“ – Фридрих Ниче

9. „Трпението и мудроста шетаат држејќи се за рака како двајца еднораки љубовници.“ – Џерод Кинц

10. „Трпението ќе постигне повеќе од силата.“ – Едмунд Бурк

11. „Чекав и чекав и ога не дојде никаква порака, знаев дека е од тебе.“ – Е. Брилант

12. „Необично е како кај нас годините учат на трпеливост – колку помалку време имаме толку сме поподготвени да чекаме.“ – Елизабет Тејлор

13. „Особата која чека е трпелива особа. Збор трпеливост означува подготвеност да стоиме таму каде што сме и да ја преживееме ситуацијата најдобро што можеме верувајќи дека нешто сокриено ќе се открие пред нас.“ – Анри Ј.М. Новен

14. „Чувај се од бесот на трпеливиот човек.“ – Џон Драјден

15. „Избегнувајте нетрпеливост. Потсетете се дека времето донесува ружи.“ – Анонимен автор

16. „Упорност. Совршенство. Трпение. Моќ. Дај ѝ приоритет на својата страст. Тоа те одржува нормален.“ – Крис Џами

17. „Трпението, упорноста и потта се ненадминлива комбинација за успех.“ – Наполеон Хил

18. „Познавајќи ги дрвјата го разбирам значењето на трпението. Познавајќи ја тревата ја разбирам упорноста.“ – Хал Борланд

19. „Сè доаѓа само ако човекот сака да чека.“ – Бенџамин Дизраели

20. „Имај трпение. Сите нешта се тешки пред да станат лесни.“ – Саади

21. „Трпеливоста: благ облик на очај пресоблечен во доблест.“ – Емброуз Бирс

22. „Усвоете го ритамот на природата, нејзината тајна е трпението.“ – Ралф Валдо Емерсон

23. „Бракот го прават тројца: љубов, доверба и трпение.“- Бранислав Нушиќ.

24. „Трпението е моќ. Трпението не е отсуство на акција. Да се чека вистинскиот миг да делува, за вистински принципи и на вистински начин.“ – Фултон Шин

25. „Трпението има граници, одведете го предалеку и тоа станува кукавичлук.“ – Џорџ Џексон

26. „Трпението е вештина и јас се учам на трпение. Тоа е тешка лекција.“ – Илон Маск

27. „Трпението е нешто со кое му се восхитувате на возачот зад вас, но не и на оној пред вас.“ – Мек Меклери

Прочитајте ги и следниве мисли за слободата кажани од големите умови низ историјата.

Напишете коментар