Skip to content

Животот е како виолина: Продолжете да свирите!

Во некои интензивни животни моменти кога нештата баш и не течат онака како што сме замислиле, планирале и посакувале, или не одат со посакуваната брзина треба да се потсетиме на приказната за Никола Паганини.

Што се случило во приказната?

Тој виолински виртоуз ја одушевил публиката со својата маестрална умешност. Но и со фантастичниот дух со сјајна импровизација. На еден концерт, според приказната, пред полната дворана, изведувал едно прилично тешко дело. Опкружен со целиот оркестар уживал во сопствената изведба кога пред самиот крај на концертот пукнала една жица на виолината.

На лицето му се појавило изнендување, но иако видливо лут продолжил со изведбата без прекин, сјајно импровизирајќи. За неколку минути му се скинала уште една жица. А набрзо и третата. Сега три жици виселе од виолината на мајсторот додека тој и понатаму незапирливо ја доведувал композицијата кон крајот, свирејќи само на една, единствена жица.

По завршувањето публиката скокнала на нозе аплаудирајќи му на сјајниот уметник. Уште пожестоко аплаудирале на неговата ладнокрвност, снаодливост и импровизација. Бидејќи тој ја завршил ја композицијата во услови кога тоа речиси било невозможно. Откако овациите стивнале, Паганини ја замолил публиката да седне и иако сите знаеле дека не можат да очекуваат бис, послушно се вратиле во своите седишта.

Паганини ја подигнал виолината така што цела публика можела да ја види, му кимнал со главата на диригентот и за миг започнал свирка со извик: „Паганини и една жица!“. На својата едножична виолина ја отсвирил завршната композиција на концертот додека публиката во чудо набљудувала како пред нивните очи невозможното во духовен занес се претвора во можно.

Премногу време поминуваме концентрирајќи се и грижејќи се за жиците кои се скинале. Жици кои во истиот моментне можеме да ги поправиме и промениме. А забораваме дека секогаш постои барем една жица која сè уште е исправна. Секогаш постои барем една исправна жица која вреди да се прифати, со која вреди да се импровизира.

Бидејќи и една жица е доволна за создавање прекрасна музика на животот. Затоа ако мислите дека ви е тешко, фатете се за таа една исправна жица во себе и создавајте ја својата мелодија која ќе ве издигне до непретчувствувани висини и ќе предизвика овации.

Прочитајте ја и приказната за божикните соништа.

Напишете коментар