Skip to content

Интересни факти за животот и ликот на Лудвиг ван Бетовен

Годинава се одбележуваат 250 години од раѓањето на Лудвиг ван Бетовен. Месечевата соната недвосмислено ги поместува границите на класицизмот одејќи во средба на романтичната ера. Неговото творештво ги соедини зрелиот класичен стил и го наговести романтизмот, а некои од најважните дела ги напишал кога го изгубил слухот.

Луѓето во времето на Бетовен немале доволно разбирање за работата на уметникот и не ја сфаќале неговата музика. Познат останал по тоа што на еден посетител кој му рекол дека не го разбира, му одговорил: „Ова не е музика за твојата генерација туку за идните генерации.“

Првиот концерт, ставот на неговите современици за неговата музика и средба со Моцарт

Иако првиот концерт кој е објавен бил и клавирски концерт всушност тој му бил трет напишан.

Ужасно му одела математиката и целиот живот страдал со бројките. На 11 години го напуштил училиштето.

Луѓето ги мразеле неговите гудачки квартети и ги сметале за “непоправливи хорори“.

Можеби еднаш настапувал за Моцарт. Имено, 1787 г. Бетовен првпат ја посетил Виена каде што живеел Моцарт. Според биографот Ото Јан, тогаш 17-годишниот Бетовен го запознал Моцарт, па дури и му свирел. Моцарт тогаш бил популарен и наводно бил одушевен од младиот Лудвиг т.е. му рекол: „Запомни младичу, еден ден ќе бидеш познат!“.

Знаеме дека Бетовен бил глув, но покрај тоа имал реума, хепатитис, бројни проблеми со кожата, па дури и цироза на црниот дроб.

Бетовен го дефинирал ЦД-то

Во текот на развојот на проектот за аудио ЦД, претседателот на компанијата Сони, нагласил дека Деветтата симфонија мора да биде на еден диск. Снимката на деветтата симфонија под диригенска палка на Вилхелм Фуртвонглер трае 74 минути, а тоа е она што го одредил капацитетот на ЦД-ињата.

Бетовеновата музика е втора најпопуларна на платформа Спотифај (Spotify)

Секој месец на музичката платформа музиката на Бетовен е пуштана околу 5,1 милион пати. Во очите на младата публика од него малку попопуларен е Јохан Себастијан Бах со (5,5 милион прегледи).

Бетовен ширум светот

За универзалното почитување кое Бетовен го има ширум светот во прилог говори и фактот дека на мапата на светот има повеќе од 700 улици кои го носат неговото име. Во овој поглед Германија е во предност со повеќе од 300 улици кои се именувани според него.

Бетовен во вселената

Астероид во појасот помеѓу Марс и Јупитер се вика Лудвиг ван Бетовен.

Roll over Betoven

Чак Бери ја снимилив оваа песна во Чикаго 1956 г. создавајќи врска помеѓу херојот на виенскиот класицизам и новиот звук на рокенролот. Следеле небројни обработки од кои меѓу најпознатите се на Битлски (првпат изведена 1962 г. во Стар Клуб во Хамбург) и Електричниот лесен оркестар изведена во 1972 г.

Музичкиот магазин Ролинг Стоун ја сместил песната на 97-мо место на топ листа од 500 најголеми хитови на сите времиња

Како е изведена „Ода на радоста?“

За да ги подобрат своите гласовни способности, членовите на аматерскиот хор со месеци вежбале во бројни поединечни групи ширум земјата. Освен усовршување на музичката интерпретација тоа за членовите на хорот подразбило и учење на текстот на германски.

Ова изведување станало традиција која се случува секоја година во Јапонија. Јапонците воодушевени со Деветтата симфонија достигаат далеку во минатото, а сè до настапот на германските војници во текот на Првата светска војна 1981 г. кои ја отпеале „Ода на радоста“ во јапонскиот воен логор.

Многу јапонци ова музичко дело го нарекуваат Даику, што во превод значи „големо“.

Бетовен ја сакал природата

Во текот на неговиот живот, во раниот индустриски период градовите биле хаотични: парните машини насекаде испуштале пареа во воздухот, а кочиите тропале по калдрмата со нивните тркала и правеле гужва. За да го избегне градскиот живот Бетовен често се повлекувал на периферијата на Виена каде што уживал во природата и пасторалниот живот.

Под влијание на таквиот живот композиторот шестата од девет симфонии ја посветил на природата, замислувајќи пејзажи и искуствата кои тука ги доживеал. Таа го добила името „Пасторална“ Шеста симфонија. Поединечни секвенци на оваа симфонија носат назицви како што се: „Сцени покрај потокот“, „Весел збир на селаци“, „Пастирска песна“. Во нејзе се изразени чувста на уживање во селскиот амбиент.

Погребување на славните

Во текот на историјата многу уметници не ја добиле заслужената слава за време на својот живот. Меѓутоа тоа не е случај со Бетовен. Композиторот бил вистинска суперѕвезда во своето време. На неговиот погреб учествувале 20 илјади луѓе, што отприлика било половина жители од тогашното Виенско јадро.

Музички поздрав со вонземјаните

Велат дека првиот впечаток е најважен. Кога вонземјаните би воспоставиле контакт со човечката култура, прво што ќе слушнат е Бетовената музика. Од 1977 г. вселенските сонди Војажер 1 и Војажер 2 патуваат над нашипт Сончев систем. Во нив се позлатени бакарни плочи со слики, звуци и музика. Бетовен не е единствен музички амбасадор. Снимени се и Бах, Моцарт и други славни композиции, како и бројни песни и пеење од различни народи.

Европска химна

Европската унија од 1972 г ја прогласила „Ода на радоста“ за службена химна, но морало да биде скратена бидејќи нејзиното траење од 25 минути било предолго за настаните и приемите. Модифицираната верзија нема стихови веројатно поради повеќејазичноста на Европската унија и дипломатскиот обид да не се истакнува само еден јазик.

Патување низ времето

Благодарејќи на музиката и партитурите, Бетовеновите композиции преживеале два века. Сепак се поставува прашањето како звучеле изворно ако се знае дека во тоа време инструментите поинаку свиреле и просториите имале различен одек во однос на денешните концертни дворани. Od 2014-та година една академија во Виена се обидела ова да го дознае свирејќи на инструменти на постоечките оригинални локации од неговото време, а проектот се викал „Resound Beethoven“. Oркестар, хор и публика можат да уживаат во изведувањето на симфонија во историската дворана во Виена каде што композиторот премиерно ги претставувал своите дела.

Последните зборови

Во 1827 г. Бетовен се опростил од светот со зборовите: „Штета, штета – предоцна!“. Меѓутоа композиторот не мислел на своите незавршени музички дела туку на виното кое го нарачал и сè уште не било стигнато. За Бетовен се зборувало дека сакал да пие. Некои извори велат дека музичкиот гениј пиел три шишиња вино на ден.

Прочитајте ги и следниве факти за најголемиот јасновидец Нострадамус.

Напишете коментар