Skip to content

Среќа – Гордана Каракашевска

  • by

Некогаш

Бевме поинакви

Се смеевме долго

Полу гласно

Полу пијани

Беше тоа

Нашето

најубаво време

Сега со времето

Се разминуваме

Во поинакво време

Се сретнуваме

Секој поглед

Тешко

Брзо

Гласно

Се лепи на ѕидовите

Исполнувајќи го времето

Кое ни останало

Гордана Каракашевска

Напишете коментар