Skip to content

Приказна за момчето што имало многу проблеми во животот

Нема човек кој не се соочил со некој проблем во животот. Тие се составен дел од нашето живеење, сакале ние да признаеме или не. Важно е како се справуваме со проблемите и каков е нашиот став кон нив. Прочитајте ја во продолжение приказната за момчето што имало многу проблеми во животот.

Еднаш едно несреќно момче пошло кај стариот учител и му рекол дека има многу проблеми во животот и го прашало за совет. Стариот учител му рекол да стави една рака сол во чаша со вода и да ја испие.

– Како ти се допаѓа? – прашал учителот.

– Грозно е. – исплукало момчето.

Учителот се насмевнал и потоа му рекол на момчето да земе уште една рака сол и да ја стави во езерото. Се движеле во целосна тишина до најблиското езеро и ученикот ја фрлил солта во езерото.

Старецот рекол: Сега напиј се малку вода од езерото.

Додека водата течела од брадата на момчето учителот прашал: Како ти се допаѓа?

Добро е. – рекло момчето.

Има ли вкус на сол? – прашал учителот.

Не, – одговорило момчето.

Учителот седнал покрај ова напатено момче, му ја зел раката и рекол:

Болката во животот е оваа сол, ни повеќе ни помалку. Количината болка во животот останува иста, потполно иста. Но чувството на болка која ја доживуваме зависи од садот во кој ја ставаме. Затоа, кога ве боли, единствено што можеш да направиш е да го прошириш своето чувство за нештата. Немој да бидеш чаша. Стани езеро.

Прочитајте ја и следнава приказна: „Како да станете побогати со давање?“

Напишете коментар