Skip to content

Како се поврзани сите религии во светот?

„Ако навистина разбирате што е религија, тогаш религијата е сè.“ Со оваа реченица започнувале предавањата на професорот и филозоф Серж Бенхејон.

Отатко почнал да ја развива свеста за себе и за светот околу, човекот трагал по одговори, а светот упорно го ставал пред нови и непознати предизвици. Она што не можел да го разбере, човекот го сметал за духовно, свето и неразбирливо. Притоа чувствувал стравопочит кога ќе станел свесен колку е ситен во спредба со се останато.

Човекот развивал уметност и ритуали со цел да се приближи кон духовниот свет пред повеќе од 50.000 години. Тој започнал да гради систем на мислења и верувања кои во денешните лексикони заземаат место под зборот религија.

За првите луѓе, без целосно развиени когнитивни способности, религијата била клучна за напредок и натамошен развој на свеста, културата, поединците и народите. Според тоа, религијата го обликувала светот и погледот врз него. Прашањето е како религијата се развивала и опстанала и како религиите ширум светот се поврзани?

Историја на религијата

Низ историјата на човештвото, религијата им била својствена на сите народи и култури, па затоа се смета за универзално човеково тежнеење. Пред околу 50.000 години, за време на палеолитот, започнала да се развива човечката свест за духовното и религијата.

Прво нешто што човекот го забележал била моќта на волјата. Сфајќајќи дека тој делува и го движи своето тело благодарение на својата волја, верувал дека секое суштество и секоја појава во светот околу поседува ум и функционира според својата волја. Од тука се развива многубоштвото, верувањето во повеќе богови. Подоцна истото е застапено во древните култури на Индија, Египет, Грција и Рим.

Животните, сонцето, дождот, годишните времиња или сè што му било неразбирливо за човекот било возвишено. Заради човечкиот нагон за преживување, човекот зависел од тие возвишени суштества на природата. Својата почит кон нив ја искажувал така што им принесувал жртви, создавал обредни слики, приказни и други ритуали.

Токму заради нагонот за опстанок, човекот ја градел својата свест за животот, смртта и задгробниот живот. И додека скоро сите денешни религии зборуваат за живот после смртта, илјадници години претходно, неандерталците развиле погребни ритуали за своите мртви. Мртвите ги ставале во позиција на фетус, со што симболизирале ново раѓање.

Слики од дланки на праисториски луѓе се откриени долж целата пештера Гаргас во Франција. Бидејќи пештерата не била населена, се верува дека првите луѓе верувале во постоење на духови во пештерата. Со оставање на нивните отпечатоци, тие сакале да им одадат почит и да им се доближат. Затоа, оваа пештера се смета за прв претходник на црквата. Може да се каже дека сите дела на првите луѓе биле во служба на религијата, што била смисла на нивното постоење.

Потекло на денешните религии

Како што човекот ја забележувал поврзаноста со природата и зависноста од нејзините закони, тој верувал дека природата е Бог, односно Бог е сè.

Така се развива друга гранка на религија – пантеизмот, воспоставен во Африка, будизмот, конфучијанизмот, таоизмот, културата на американските Индијанци и Египет, под влас на фараоните.

Денес најчести релгии во светот се христијанството, исламот и јудаизмот. Потекнуваат од Блискиот Исток, околу 2000 години п.н.е. Потоа се развиваат и се шират низ целиот свет. Овие религии се монотеистички и во голема мера се поврзани меѓу себе. Додека христијанството потекнува од еврејската култура и традиција, исламот влечи корени од христијанството.

Религијата е исконска потреба на човекот, што се развивала низ вековите. Религијата била единствен одговор на прашањата за функционирањето на универзумот, а постоењето на повеќе религии е клучен феномен.

„Важно е да се разбере дека сите религии содржат многу свети и вистински учења пренесени од духовни мислители. Меѓутоа, со овие учења се испреплетуваат човечките толкувања и додатоци, што претставуваа основа за раздвојување на религиите “. – Серж Бенхејон

Дали човекот најде одговори на неговите прашања?

Откако го засадил семето, човекот се поклонил на природата, молејќи ја да му помогне да никне пченица од семето, заборавајќи дека тој самиот го засадил. Молејќи се на духовите за успех во ловот, човекот заборавил дека треба да се лови самиот. Закопувајќи ги своите предци и верувајќи во животот после смртта, човекот заборавил уште колку треба да живее.

Благодарение на филозофите, научниците, страсните (или лудите) неистомисленици и трагачи по повисоко значење, кои ја набљудувале природата и ги гледале законите според кои таа управува со светот, а не со одредено верување или личност, човештвото започна да стекнува нови знаења и напредок,. Критичкото размислување стана основа за разбирање на животот на човекот, светот и неговата позиција во него.

Прашањето што се поставува денес е дали, според тоа, религијата го забрзала или забавила напредокот на човекот, и што би станал човекот ако немал во што да верува? Од тоа дали ќе има светлина или Биг Бенг на почетокот, можеме само да размислиме и да продолжиме да бараме одговори.

Прочитајте за менталното патување низ времето.

Напишете коментар