Skip to content

Да се верува – поучна приказна

Ова е приказна за еден планинар, кој многу сакал да се качи на највисоката планина. Со години се спремал за таквиот подвиг. Конечно, одлучил да појде сам, така што, ако успее, цела слава ќе му се препише нему.

Започнал да се искачува. Се искачувал цел ден и продолжил да со качување откако паднало мрак. Одлучил да продолжи и низ мракот и покрај тоа што било многу опасно. Небото било сокриено зад темни облаци. Човекот едвај гледал прст пред очи. Полека и упорно се искачувал, но одеднаш се спрепнал и забразно почнал да паѓа по планината. Бил преплашен.

Кога помислил дека ќе умре, одненадеж паѓањето запрело и останал да виси на безбедносното јаже со кое бил врзан. Висел во воздух. Неговиот живот висел на конец. По неколку мигови очајнички извикал:

– Господе, помогни ми!

Тогаш во себе слушнал туѓ глас.

– Што сакаш да направам? – го прашал гласот.

– Спаси ме, Боже! – молел човекот.

– Навистина веруваш дека можам да те спасам?

– Секако дека верувам.

– Тогаш пресечи го јажето со кое си врзан.

– Молам?! – се збунил човекот.

– Пресечи го јажето со кое си врзан. – повторил гласот.

Настанала долга тишина. Човекот, на крај, сепак одлучил да остане да виси на јажето со надеж дека утрото ќе го најде некој човек или дека сам подобро ќе може да види каде се наоѓа.

Се зборува дека следниот ден го пронашле мртов на планината, замрзнат. Неговото тело висело на јажето, за кое очајно се држел. На само 2 метра од телото се наоѓало тлото.

Видите ги овие 9 нешта кои го прават животот подобар.

Напишете коментар