Skip to content

Најтешка одлука во животот: Кој мост да се премине, а кој да се сруши?

Единствено правило според кое треба да живееме е тоа да се биде човек во секоја ситуација. Добрите луѓе ќе ви донесат среќа. Лошите ќе ве наградат со искуство. Од најлошите ќе научите лекција, а најдобрите ќе ви донесат спомени. Ценете ги сите.

Луѓето мислат дека ќе бидат среќни, ако се преселат на друго место. Потоа сфаќаат дека каде и да одат се носат себеси. Среќата е како прегратка. За да уживаме во неа, мора да ја споделиме.

Ценете ги луѓето кои доаѓаат во моментите кога не им е лошо ним, туку вам. Не им ја затворајте устата на оние кои вам ви ги отвораат очите. И цврсто, стоејќи на нозе, не заборавајте ги оние кои ве подигнале.

Нема смисла да им се помага на луѓето кои сами не сакаат да си помогнат. Невозможно е да го натерате човек да се качи по скали, ако тој не сака. Запамтете, со сила можете само нешто да им земете, но не да им дадете.

Грешат сите. Грешките ги признаваат само достојните луѓе. Храбрите бараат прошка. Напред продолжуваат само храбрите.

Бидете со оној со кој вие сакате да бидете, а не со оној со кој другите сакаат да ве видат. Ако сакате нешто да смените, бидете храбри. Ако е невозможно нешто да промени, бидете трпеливи. За да знаете кога е потребна храброст, а кога трпение, треба да бидете мудри.

Извинувањето не значи дека не сте во право. Ниту значи дека оној на кому му се извинувате е во право. Тоа само значи дека вредноста на односот меѓу вас е поголема од вашето его.

Луѓето се делат на две групи. Едни, кога влегуваат некаде велат „Леле, кој го гледам!“, а други „Еве ме мене!“.

Мажите ги карактеризираат четири ситуации: како се борат, како се однесуваат кон парите, како гледаат на децата, како ги прекинуваат односите. Да се живее без расправии е еднакво возможно како да се вози низ цел град, а ниту еднаш да не се налета на црвено светло.

Како што растам, така сфаќам дека најважна работа во животот е да знаеш што сакаш, а не да им дозволиш да те збунат оние кои мислат дека знаат подобро од тебе. Во карактерот на луѓето постојат три златни одлики: трпение, да знаат кога е доста и да знаат да молчат. Понекогаш тоа помага повеќе од интелегенцијата, талентот и убавината.

Никогаш немојте да бидете со некој заради пари, деца или од сожалување. Парите ќе се потрошат, децата ќе пораснат, а сожалувањето ќе се претвори во бес. Најдобра освета кон некого е да му докажете дека можете да живеете без него.

Добрите луѓе ќе ве направат среќни, лошите ќе ви дадат искуство, најлошите лекција, а најдобрите спомени

Ценете ги сите еднакво. Во животот може да се проживее сè се додека постои тоа за што вреди да се живее, да се сака, додека имаш да се грижиш за некого и додека можеш некому да му веруваш.

Најчесто се расправаме со оние кои не сакаме да ги изгубиме. Привлечноста меѓу душите се претвора во пријателство. Привлечноста меѓу умовите се претвора во почит. Привлечноста меѓу телата се претвора во страст. И само сето ова заедно може да се претвори во љубов.

Ако губитникот се смее – победникот не го чувствува вкусот на победата.

Ако сакаш да запознаеш некого навистина, не слушај што кажуваат друите за него. Подобро слушај што зборува тој за другите.

Никогаш не се правдајте некому. Ниту на оние кои ве сакаат, а уште помалку на оние кои не ве сакаат.

Оној кој не ве сака никогаш нема да ви верува. Оној кој ве сака сам ќе измислува оправдувања за вашите постапки. Вистински близок човек е оној кој го знае вашето минато, верува во вашата иднина и ве прифаќа онакви какви што сте. Парите доаѓаат и си одат, среќата не се крие во нив. Најважни секогаш ќе бидат луѓето кои се со вас во вашите тешки мигови.

Зборовите на саканата личност лечат подобро од сите доктори во светот. Но исто така и убиваат побрзо од сите болести и отрови.

Песимистот гледа тешкотии во секоја можност. Оптимистот гледа можност во секоја тешкотија. Единствено правило според кое треба да се живее е тоа да се биде човек во било која ситуација.

Најголем непријател е стравот.

Најголема грешка е духовното паѓање.

Најопасен човек е лажгото.

Најрасипано чувство е зависта.

Најдобра постапка е простувањето.

Најдобра заштита е насмевката.

Најголема сила е вербата.

Најголема поддршка е надежта.

Најголем подарок е љубовта.

Прочитајте зошто не треба да прифаќате ништо помалку од она што очекувате.

Напишете коментар