Литература Македонски автори Писатели и поети Проза

Мрморења на душата

Чудна работа е тишината. Седиш, ќутиш а истовремено, длабоко некаде разговараш со себеси. Дома си, а не сакаш да бидеш. Го гледаш жарчето и димот пред тебе како светулкаат и ја пробиваат темнината околу тебе и се прашуваш уште колку ли темнини те чекаат додека се бориш да ја видиш светлината. В глава ти доаѓаат клише мисли и муабети ама една по една ги отфрла. Не си ти човек за веќе видени работи. Го одбираш потешкиот пат дури и тој да е само плод на твојата имагинација.

Жарчето се гасне, догорува, не може и тоа да издржи, веќе темнината е премногу густа. Ти го опфаќа телото, додека мозокот, срцето а и душата ти е на некое сосем друго место, место што веќе одамна не постои, но ти сепак поради некоја увртена причина сѐ уште го сонуваш и тагуваш по него небаре тагата ќе ти помогне да се вратиш таму. И што е најчудно, сакаш да се вратиш, па и да биде полошо од тука. Те влече нешто, душата ти плаче по тоа непознато место, како врзана со црвени, свилени конци, те тегне некаде далеку, а ти додека ѝ се спротиставуваш ги слушаш длабоко во себе нејзините жални преколнувања и надежни очекувања дека можеби само можеби ќе го пронајде оној изгубен, оној откинат нејзин дел во свет далечен од сивиот во во кој како затворен гулаб копнежлив по слобода, таа живее.

Слични написи

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Крајбрежје