Skip to content

Разделба на аеродром: Ти посакувам доволно

Неодамна на еден аеродром разговарале една мајка и ќерка. Тие се поздравувале за последен пат во животот. На разглас во еден миг се слушнала најава дека авионот со кој требало да отпатува ќерката, наскоро полетува.

Стоејќи во близина на сигурносната капија тие се прегрнале и мајката рекла: Ти посакувам доволно.

Ќерката одговорила: Мамо, нашиот заеднички живот беше повеќе од доволно. Твојата љубов е сè што некогаш ми требаше. Исто така ти посакувам доволно, мајко.

Се бакнале и ќерката заминала. Мајката се приближила до прозорот каде што седел човекот што ги набљудувал. Седејќи таму видел дека сакала и дека ѝ било потребно да заплаче. Не сакал да ја наруши нејзината приватност, но таа пошла кон него и му рекла:

– Дали некогаш сте морале некому да му кажете збогум знаејќи дека тоа ќе биде засекогаш?

– Да, човекот одговорил. Извинете што прашувам, но зошто велите дека тоа е збогум засекогаш?

– Јас сум стара, а таа живее толку далеку. Пред мене стојат предизвици и во реалноста нејзината следна посета ќе биде мојот погреб, рекла жената.

– Кога рековте збогум, слушнав дека велите: „Ти посакувам доволно“. Смеам ли да прашам што значи тоа?

Почнала да се смее.

– Тоа е желба која се пренесува од претходните генерации. Моите родители секогаш ја користеа таа изрека.

Тогаш застанала за миг и се загледала, како да се обидува да се сети на деталите и тогаш уште повеќе се насмевнала.

Кога рековме: Ти посакувам доволно, си посакавме една на друга живот исполнет со доволно добри нешта кои ни се потребни. Потоа се свртела накај човект и го споделила следното, рецитирајќи го по сеќавање:

Ти посакувам доволно сонце за твојот став да биде осветелн.

Ти посакувам доволно дожд за да го цениш сонцето.

Ти посакувам доволно среќа да го одржи жив твојот дух.

Ти посакувам доволно болка, така што и најмалата радост во живтот ќе ти изгледа многу поголема.

Ти посакувам доволно добивка за да се задоволат твоите желби.

Ти посакувам доволно губиток за да го цениш повеќе она што го имаш.

Ти посакувам доволно поздрави за добредојде за полесно да го пребродиш послдното збогум.

Тогаш жената заплакала и си заминала.

Велат дека е потребна само минува за да пронајдеш посебна особа. Еден час за да ја цениш. Еден ден за да ја засакаш. И цел живот за да ја заборавиш.

Ценете ги драгите луѓе во вашите животи, не знаете кога ќе биде вашето последно збогум со нив.

Прочитајте ја и следнава приказна за лавот и робот.

Напишете коментар