Skip to content

Запознајте ги милениумците: Каква е генерацијата Y?

Милениумците, исто така познати како генерација Y, доаѓаат после генерацијата Х и претходат на генерацијата Z. Во оваа група спаѓаат родените меѓу 1981 и 1996 година. Негувани и разгалени од родителите, кои не сакале да ги повторуваат грешките од претходните генерации, милениумците се самоуверени, амбициозни и ориентирани кон успех. Тие имаат високи очекувања од своите работодавци, сакаат нови предизвици на работа и не се плашат од авторитети.

Луѓето стареат, родендените остануваат исти

Kако што веќе спомнавме, на генерацијата Y ѝ припаѓаат луѓето родени меѓу 1981 и 1996 година. Моментално се на возраст меѓу 24 и 39 години. Оваа генерција е поделена на два дела. Генерација Y.1 во која спаѓаат луѓето од 24 до 29 години и Генерациа Y.2, во која спаѓаат луѓето меѓу 29-39 години. Со поимот “милениумци“ се означуваат двата сегменти од генерацијата Y.

Поделба на генерацијата Y

Одредени истажувања покажуваат дека не сите милениумци моментално се во иста фаза од животот. Иако сите од нив се родени при крајот на милениумот, некои сѐ уште се во рана зрелост, се борат за кариерен напредок и уште немаат дом. Постарите милениумци имаат дом и градат семејство. Децата го менуваат животот на луѓето, нивните интереси и цели. Затоа, заради маркетиншки цели, генерацијата Y се дели на два дела Y.1 и Y.2.

Не само што двете групи се културолошки различни, туку тие се во многу различни фази од животот. Помладата група е финансиско новороденче, па уште ја осознава својата куповна моќ. Повозрасната група има кредитна историја, можеби има кредитна хипотека и одгледува мали деца. Разликата во потребите меѓу овие две групи е огромна. Колку сме помлади, толку нѝ изгледа подраматична секоја наредна фаза од животот.

Карактеристики на генерацијата Y:

Години на раѓање: 1981-1996

Моментална возраст: 24-39 години.

Други имиња: Генерација Јас, Генерација Ние

Однос кон медиумите: 95% од милениумците сѐ уште гледаат телевизија, дури и во популарниот Нетфликс уживаат гледајќи на телевизор. Склони се и кон стриминг услугите. Оваа генерација е крајно отворена за користење мобилен телефон, но околу 32% сè уште би купувале Online само преку компјутер. Обично имаат акаунти на различни социјални мрежи.

Потрошувачки навики: Милениумците имаат помала склоност кон брендови, за разлика од претходните генерации. Преферираат да купуваат практични производи и не се толерантни кон неефикасна и слаба услуга. Имаат доверба во брендови со супериорна историја како Google и Apple. Користат дигитални алатки кои им го олеснуваат секојдневното живеење.

Настани кои ги обликувале: Големата рецесија, технолошката експлозија на интернетот и социјалните медиуми, терористички напади.

Други карактеристики: Милениумциите спаѓаат во работната сила со висок износ на студенски долг. Не се склони кон правење големи свадби или купување куќи за живеење. Сакаат да основаат или веќе се сопственици на бизнис. Не сакаат да одговараат на барањата на авторитетите. Тие сакаат партнер кој ќе ги насочи и ќе им помогне во остварувањето на нивните соништа.

Прочитајте за новата битка: традиционални наспроти електронски книги.

Напишете коментар