Skip to content

Приказна за човекот кој трагал по злато: Отворете ги очите!

Еден човек за време на златната треска решил да го продаде својот имот за да купи опрема за копање злато и да обезбеди храна за овој потфат. Отишле во планина заедно со другите копачи и тргнал во потрага по злато.

Деновите поминувале, а тој не пронашол ни трошка злато. Поминувале месеци и години, а тој станувал сè посиромашен и на крајот останал без ништо. Разочаран после сè, решил да замине на едно напуштено место, каде имало празни бараки и тука сакал да почине. Како што се чувствувал сè поосамен на тоа пусто и мрачно место, така одлучил да појде некаде во природа.

Стигнал до еден поток кој течел покрај прекрасна ливада до која имало шума. Тука стоел и набљудувајќи ја оваа преркасна глетка кој Бог ни ја подарил, одлучил тука да си направи мала куќичка. Како што било времето топло, ископал дупка покрај потокот и почнал да прави цигли од таа земја и да ги суши на сонцето. Од нив подоцна изградил куќичка на сред полјанка. Дошла зимата,а тој така изморен и разочаран, умрел од глад и студ.

Од тогаш поминало многу време и еден млад брачен пар решил да го купи тој плац и да изгради на него куќа бидејќи многу им се свидел пределот. Ја изградиле куќата, но им сметалта таа неугледна куќичка на сред ливада и решиле да ја срушат. Кога почнале да ја рушат забележале дека во циглите нешто светка на сонцето. Ја однесле циглата на анализа и востановиле дека причина за тоа било злато.

Местото од каде што била вадена земјата за таа цигла било богато наоѓалиште на злато. На тоа место подоцна бил отворен еден од најголемите рудници на злато. Замислете колку еден човек може да биде слеп при очи и да не го види богатството кое толку долго го барал. Човекот умрел од глад во куќа од злато.

Затоа, ве молам не бидете слепи. Отворете ги очите!

Прочитајте ја и приказната за професорот и студентите на час по психологија.

Напишете коментар