Skip to content

22 интересни занимливости поврзани со Божиќ

Католиците веќе го прославија Божиќ оваа година, а на 7-ми јануари 2021 година христијаните ќе го одбележат Исусовото раѓање. Ние ви претставуваме интересни занимливости кои се поврзани токму со овој празник.

Прочитајте ги во продолжение. 

1. Иако го добил прекарот “човекот кој го измислил Божиќ“, Чарлс Дикенс сепак не го измислил. Но тој е еден од најзаслужните за ширење на неговата популарност. Кога во јануарито 1843 година ја издал „Божиќна приказна“, книгата била распродадена до самиот Божиќ. Истата година забележан е значителен пораст на купувањето божиќни поклони и елки. Поради ова се смета дека Чарлс Дикенс го пробудил кај луѓето божиќниот дук токму со својата приказна за важноста на добрината и великодушноста.

2. Ирвасите на Дедо Мраз ги обновуваат своите рогови.

Кај мажјаците ирваси еленските рогови „паѓаат“ на почетокот на декември. Додека пак женките ги носат низ целата зима. Иако кај женките ирваси роговите се значително помали, одредувањето на полот може да биде збунувачко. Останува мистерија дали ирвасите кои ја влечат санката на Дедо Мраз се машки или женски.

3. Дедо Мраз има свој поштенски код . Секоја година добива милиони писма од целиот свет. Многу пошти низ светот добиваат и испраќаат писма до стариот добар човек.

Имеил адресата е уште еден начин на кој можеме да му се обратиме на дедото со бела брада. Иако ги има многу службената е: [email protected]

4. Во австриското село Кристкиндл (во превод “дете Исус“) стигнуваат околу илјадници писма насловени до малиот Исус. Тамошната пошта од 1950 година им одговара на сите кои пишуваат, а поштенскиот печат се менува секоја година.

5. Костимот во црвено на Дедо Мраз е плод на реклама. Компанијата (Кока кола) која го продава популарниот газиран пијалак, во својата реклама од 1930 година за првпат  го прикажува Дедо Мраз во темно црвен костум. Баш онаков каков што го знаеме денес. Претходно мистериозниот старец со бела брада бил прикажуван во сина, зелена и бела боја.

6. Во Библијата никаде не е одреден точниот датум кога Исус Христос бил роден и академците ја дебатираат оваа тема со години.

7. Традицијата со чорапи за божиќни подароци има забавни корени. Обичајот на размена на подароци доаѓа од Холандија. Таму празникот на Свети Никола се слави на 6-ти декември. Тогаш децата ги оставале чевлите надвор, а наутро добриот светец им оставал мали подароци внатре.

Според легендата, еден сиромашен човек имал три ќерки, но немал средства да им обезбеди мираз, за ​​да можат да се омажат. Една вечер, добриот свети Никола ставил златна вреќа во оџакот за да ѝ помогне на најстарата ќерка во сиромашниот брак. Меѓутоа, вреќата паднала во старо чорапче што се сушело во близина на огништето. Така се раѓа традицијата на ставање подароци во Божиќната света ноќ.

8. Идејата за божиќниот дедо како лета на својата санка над градот прв ја прикажал американскиот писател Вашингтон Ирвинг во 1819 година во својата книга „Историјата на Њу Јорк“. Многумина сметаат дека “култот на божиќниот дедо“, како што повеќето тогаш го нарекувале, се проширил во 19 век токму од Њу Јорк, чијшто светец и заштитник бил Свети Никола (од кој подоцна е развиен ликот на дедо Мраз). Токму Ирвинг го инспирирал и Чарлс Дикенс во пишувањето на своите Божиќни песни.

9. Познатата американска компанија The Montgomety Ward го создала ликот на Рудолф за на тој начин да ја зголеми продажбата на детски книги и боенки. Интересно е и како нивниот Рудолф имал свој препознатлив црвен нос, бидејќи во тој период се сметало дека само алкохоличарите имаат црвен нос, а асоцијацијата на Рудолф со алкохолзимот им била последното нешто кое сакале да го постигнат.

10. Песната „Jingle Bells“ (Ѕвона ѕвонат), првично била наменета за Денот на благодарноста.

11. Во Исланд традицонално за Божиќ се подаруваат токму книги. На божиќната вечер се собира целото семејство каде што секој член на глас чита фрагмент од книгата која ја добил.

12. Автор на првата сочувана божиќна честитка бил италијанскиот гроф Николо Монте Мељини. Тој во 1709 година на пријателите и роднините им испратил неколку стихови со убави желби за тој ден. Иако замислата била позитивно прифатена, испраќањето честитики за Божиќ се проширило дури во 19-ти век кога две печатници во Миално почнале да печатат разгледници со пригодни цртежи.

13. Традицијата за дарување на сиромашните на Божиќ датира од десетиот век. Таа се поврзува со чешкиот крал Вацлав. Според легендата, алтруистичниот владетел низ прозор од својата палата го гледал стариот измрзнат и сиромав човек кој на улица собирал дрва за огрев. Сожалувајќи се, ја наполнил кошничката со храна и му ја однесол. А од тој ден редовно приредувал гозби за своите најсиромашни поданици.

14. „Тивка ноќ“, е една од најпознатите божиќни песни на светот. Во 1816- година ја напишал помошниот католички поп во австрискиот град Оберндорф. Две години подоцна стиховите му ги покажал на својот учител, оргуларот Франц Грубер. Тој стиховите ги претворил во музика. Песната денеска се изведува на повеќе од 300 јазици, а УНЕСКО во 2011-та година ја прогласил за светско културно наследство.

15. Американските пуританци Божиќ го сметале за декадентен пагански празник, па во периодот од 1659 до 1681 година биле казнети по 5 шилинзи сите оние кои го обележувале овој ден. Некои од пуританските водачи ги прогласувале за непријатели на христијанството сите оние кои го славеле Божиќ.

16. Со оглед на датумот за прослава на Божиќ кој што се совпаѓа со стариот пагански фестивал, Божиќ измеѓу 1659 и 1689 година бил и законски забранет во Божиќ. Ако некого фателе дека сепак го слави бил казнет.

17. Ѓумбирот, мирислив и изразито здрав зачин има голема улога во божиќните кекси и колачи. Во комбинација со цимет, портокалови и лимонови кори, каранфилче и ванила ѓумбирот е неизоставен елемент од мирисливата слика на овој празник.

18. Филмот „Како Гринч го украде Божиќ“ (2000) сè уште е на првото место по заработка на листата со филмови со божиќна тематика. Заработил 270 милиони долари.

19. Гинисовата книга со рекорди бележи и некои големи бројки поврзани со Божиќ. На пример, најголемата група коледари се собрале во 2009-та година во Њу Јорк, сите 519 заедно пееле божиќни песни и ја одушевувале публиката и го срушиле претходниот рок од 517 пејачи.

20. Статуата на слободата е најголемиот божиќен подарок на светот. Франција им го дарувала на Соединетите Американски Држави во 1886-та година. Дамата со факел е висока 46,5 метри и тешка 225 тона.

21. Лапонија, земјата од Дедо Мраз е дел од скандинавскиот полуостров, а се протега низ четири држави – Норвешка, Шведска, Финска и Русија. Освен по дарежливиот дедо, Лапонија е позната и по поларната светлост.

22. Домашните миленици исто така сакаат подароци. Или барем така мислеле повеќе од 50% од оние кои имаат домашни миленици. На пример, истражувањата покажале дека 7 од 10 кучиња од своите власници добиваат божиќен подарок.

Прочитајте и за кратката историја на новогодишните украси и декорации.

Напишете коментар