Skip to content

Јас душава ти ја дадов тебе – Лина Димоска

Мина долго време
откако душава ти ја дадов тебе.
Ме занесе насмевката твоја,
за миг помислив дека сум своја,
но марионета в раце ти бев,
јас бев виновна за секој твој грев.

Мина долго време
откако душава ти ја дадов тебе.
Во мислите мои имаше копнеж,
но нејзиното присуство ми буди сомнеж,
па гледам како сега неа ја гледаш,
од мене се оддалечуваш – бегаш.
Секој дел од мене со тебе да биде сака,
но нејзиното присуство ми задава мака.

Мина долго време,
откако душава ти ја дадов тебе.
Но веќе крај мене те нема,
таа ми те однесе, те зема.
Сега со себе се борам,
да продолжам напред не сакам, но морам.
Ќе го сакам светот пак,
душава моја ќе се ослободи од мрак.

Мина долго време,
откако душава ти ја дадов тебе.
Но на сон ми доаѓаш понекогаш,
дали ќе те сакам засекогаш?
Сети се и ти некогаш на мене
оти јас душава ти ја дадов тебе.

Напишете коментар