Skip to content

Жените во животот на Есенин и фаталната љубов со Исидора Данкан

Сергеј Есенин (3 октомври – 28 декември) како дете бил немирно и палаво момче, но бистро и снаодливо. Наспроти неговиот темперамент, дедо му го воспитувал патријархално, низ традициите на руското село, христијанските обичаи и народните легенди и преданија.

Подоцна во животот на Есенин се провлекувале бројни жени. Некои од нив биле само попатни, кратки љубовни авантури. Другите оставиле голема трага врз неговиот емоционален живот и биле инспирација за неговата поезија. Иако не постојат прецизни податоци, се верува дека Есенин се оженил дури пет пати. Првиот брак го склучил на 18 години со Ана Изрјадновна, соработничка во издавачката куќа во Москва каде тој бил писар. Со неа имал син, Јуриј, кој подоцна, за време на сталинистичките чистки, бил уапсен и умрел во логорите на ГУЛАГ.

Вториот брак со Зинаида Рајх

Во 1917 година, Есенин се оженил по вторпат, со Зинаида Рајх (која подоцна му станала жена на Всеволод Мејерхолд). Со неа имал две деца – ќерката Татјана и синот Константин, но набргу го прекинал тој боемски брак што повеќе му влевал досада отколку задоволство. Потоа, следувал период на бројни боемски скандали и перверзни љубовни оргии, кои често го ставале на тапет на јавноста.

Фаталната љубов со Исидора Данкан

Кон крајот на 1921, посетувајќи го студиото на сликарот Алексеј Јаковлев, Есенин се запознал со француско-американската балерина Исидора Данкан, која била постара од него дури 17 години. Уште при првата средба се родила взаемна љубов на прв поглед. Најпрво тие комуницирале буквално низ емоциите, бидејќи ниту таа знаела руски, ниту тој разбирал англиски, а се разбирале само со понекој збор на француски. Додека малограѓаните ја исмевале големата разлика во нивните години (тој имал 26, а таа 43 години), тие не можеле еден без друг.

Есенин во неа гледал како во чудо („не знаејќи што да прави со своите раце и нозе“) и ја сметал за жена во која се огледувала „убавината на античката хармонија“. И Исидора не можела без него и го бркала низ Москва, сакајќи да го извлече од локалите, лесните жени, пиењето и боемскиот живот во кои тој бил длабоко вовлечен. На 2 мај 1922 година, тие стапиле во брак, а потоа заминувале на турнеја низ Европа и Америка.

Есенин сакал да гледа како Исидора танцува, а на неговиот повик одговорила бидејќи била длабоко несреќна во Америка. Сè ја потсетувало на промаршената љубов и длабоката трагедија која таму ја преживеала. Славната уметница изгубила две деца во сообраќајна незгода, а потоа ѝ починало и третото дете веднаш после раѓањето. Покрај тоа што во 40-тите години и понатаму зрачила со младалашки дух не ни претпоставувала дека ќе ја доживее највозбудливата љубов во својот живот.

Запознавањето со неговата најголема љубов и средбата која ќе го запечати нивниот однос

Непосредно пред доаѓањето во Русија прочуената лондонска гатачка ѝ предвидела венчавка на руското тло, на што Исидора ѝ се изнасмеала во лице и не ѝ оставила пари. Но потоа во есента 1921-година го запознала Есенин. Баш на еден од низата нејзини настапи, на боемска журка преполна со алкохол и чад, во ателјето на еден сликар го запознала Есенин. Тешко е да се замисли реакцијата на тогашните работници во социјалистичка Русија на нејзината точка „Танц со марама“, каде Исидора полугола потскокнувала на бината мавтајќи со марамата.

Таму бил прочуениот поет гледајќи го тоа бил восхитен, полн со желба да направи нешто ударно и забележително. Во тој момент гласно опцул и тргнал да се пробива низ масата викајќи: „По ѓаволите, тргнете се сите од патот“, па извел краток, будалест и див танц со Исидора. Потоа паднал на колена. Исидора го помилувала по главата и едноставно изустила: „Ангел“, само неколку секунди подоцна го погледнала во очи, па рекла: „Ѓавол“. Истата ноќ, маѓепсани и занесени, Исидора и Сергеј ја напуштиле веселбата и ја продолжиле забавата за двајца во нејзиниот стан.

Љубовта невоздржано пристигнала во нивните срца, засекогаш одредувајќи им ја судбината. Нивната врска во месеците кои следувале продолжила да ја зачудува околината, познаниците и пријателите. Малкумина биле кои имале разбирање за огромната разлика во години, комуникацијата исклучиво со гестови и погледи, а уште помалку биел оние кои можеле да ја сфатат Исидора и нејзината послушност со која одговарала на офанзивните лудории на поетот.

Меѓутоа, сите препреки не биле важни и никаков превез не можел да ги замати нивните емоции. Само шест месеци од нивната прва средба тие си се заветиле еден на друг со љубов и верност официјално. Некое време сè одело глатко, имале свој мал “рај“, а често и настапувале заедно. Таа играла, тој ја читал својата поезија. На Исидора ѝ претсотјувала турнеја по Европа и Америка, а таа не можела да се раздели од нејзиниот Сергеј Александрович.

Почетокот на проблемите во нивниот однос

Баш тогаш далеку од драгата Русија започнале проблемите, таму во далечниот свет никој не го познавал Есенин, никој не се грижеч за него, бил отсечен од сè на коешто се восхитувал, бил обичен руски селанец и сопруг на познатата Исидора Данкан.

Кога американците ќе слушнеле дека пишува поезија и дека е националенпоет, го прашувале: „Но како ти воопшто заработуваш за живот?“ Сè ова го правело болен и очаен, почнал да тагува и незадоволно да тоне во алкохол. Кога новините пишувале дека Исидора стигнува во придружба на својот помлад сопруг тој бил толку бесен што ја гаѓал со чевлите. Од немоќност и бес она што му преостанало било да прави скандали.

Почнал да ја продава по сиромашните облеката од Исидора, правел сцени во рестораните и на јавните места. Односот меѓу сопружниците со месеци ескалирал сè додека не станале странци и непријатели еден на друг.

„Го однесов Есенин далеку од Русија. Сакав да му го покажам светот. Сега мораме да се вратиме во Русија за тој да го сочува својот ум, бидејќи без Русија тој не може да живее“, рекла Исидора во една прилика. И навистина, пријателите повеќе не можеле да го препознаат Есенин, тој бил друг човек. Бил истрошен, уморен, нервозен, полн со тешки, црни мисли. Од неговата уста излегувале безобразни, грозни зборови и грст навредни на сметка на жената која ја сакал.

Нејзините последни обиди да го вразуми и да го оттргне од лошит пат

Оние кои биле упатени во нивниот однос тврдат дека тие месеци Есенин често ја напуштал Исидора, таа го преколнувала да се врати бакнувајќи му ги чевлите, велејќи: „Сергеј Александрович, јас те сакам!“. Но и во тоа крајот морал да дојде – жената која никогаш не рекла лош збор за саканиот Есенин повеќе не можела да ја трпи неговата деструкција. Исцрпена и несреќна, после една година брак, на пијаниот Сергеј му соопштила дека ќе оди во Париз без него и дека го остава сам во Моска.

„Конечно сум слободен. Стара вештерка“, им велел поетот на пријателите.

Само неколку месеци после нејзиното заминување тој ѝ испратил дрзок и краток телеграм: „Јас сакам друга. Се женам. Среќен сум“. Неговите пријатели после неговата смрт сведолече дека во суштина сакал да ѝ каже дека ја сака, но дека не може да живее со нејзе. Дека мора да ја побара својата среќа со друга т.е. дека истото ѝ го посакувал и нејзе. Сепак, се обидел засекогаш да ја исфрли од животот со груби зборови…

А, тоа нему отсекогаш му одело од рака – со зборовите да предизвика најубави емоции, но и најголеми лузни. Она што Исидора не го знаела е дека тоа била голема лага. Есенин безглаво лутал по други жени, а во 1925 година се оженил со Софија Толстој, но неговото срце засекогаш останало кај таа „еластична леснонога бреза“. Не само срцето туку и здравиот памет.

Љубовни врски со театарската глумица, а потоа со поетеса

Во август 1923 година, по враќањето од странство, Есенин ја запознал театарската глумица од камерниот тетар во Ленинград, Августа Леонидовна Миклашевска, кон која имал нежни чувства и се гледал со неа до 1925 година. Се верува дека тие се венчале во граѓанска церемонија веднаш штом тој го добил разводот од Изадора Данкан, но и тоа траело многу кратко. Потоа, Есенин повторно влегол во нова врска. Овојпат со поетесата Надежда Волпина, со која имал син, Александар, иако Есенин не дознал за тоа.

Подоцна, во 1960-тите, Александар Есенин-Волпин бил дисидент од Советскиот Сојуз и постанал познат поет и активист во емиграцијата. Најпосле, последната законска сопруга на Есенин била Софија Андреевна Толстоја-Есенина – внука на големиот руски писател Лав Николаевич Толстој.

Прочитајте и каков бил најпоследниот период од животот на Есенин.

Напишете коментар