Skip to content

Мисли за Нова година, нови почетоци, можности и шанси

На прагот сме од почетокот на Новата година. 2020-та беше една од годините која сите заедно сакаме што побрзо да заврши и никогаш да не се повтори. Работите ќе течат по својот тек, со доаѓањето на новата година работите нема магично да се променат, но останува надежта која вели дека сепак може да биде подобро.

Прочитајте ги следниве мисли што ги издвоивме кои се поврзани со нови почетоци, можности и долгоочекуваната Нова година.

1. „Нова година е безопасна институција која ни служи како изговор за тинејџерски да се напиеме, да ги повикаме пријателите или да ги изговориме желбите што не се исполнуваат!“– Марк Твен

2. „Зборовите од минатата година му припаѓаат на јазикот од минатата година, а зборовите од следната година чекаат нов глас.“ – Т. С. Елиот

3. „Денес е првата празна страница од книга со 365 страни. Напишете ја добро.“ – Бред Пејсли

4. „Добрите новогодишни ветувања се како чекови кои човек ги потпишува без покритие!“– Оскар Валјд

5. „Младоста е кога ви дозволуваат да останете будни до полноќ за Нова година; Старост е кога ве тераат на тоа. Оптимистот остнува буден до полноќ за да ја дочека Нова година, а песимистот останува буден за да се увери дека старата сигурно поминала!“– Бил Вог

6. „Луѓето се грижат што ќе јадат за Божиќ и Нова година, а попаметно би им било да водат сметка што јадат измеѓу овие два празника!“ – Анонимен автор

7. „Подобро да размислувате за дневни отколку за новогодишни желби и ветувања!“ – Хенри Мур

8. „Не постои изненадна олуја или небесни труби со кои се означува доаѓањето на Новиот месец или Нова година. Дури и кога ќе почне Нов век само ние смртниците тоа го обележуваме со труби и пукање! – Томас Ман

9. „Во Новата година не заборавајте да им се заблагодарите на минатите години бидејќи ви помогнале да го достигнете денешниот ден! Без скалите од минатото, не можете да пристигнете во иднината.“ – Мехмет Мурат Илдан

10. „Нека Новата година ви донесе храброст рано да ги исполните новогодишните одлуки! Мојот план е да се заколнам на секој вид доблест за да доживеам триумф кога нема да успеам.“ – Алистер Кроули

11. „Ако немавте за што да се каете, Нова година немаше ни да постои!“ – Вилијем Томас

12. „Новата година не е ниту почеток, а ниту крај, таа е само продолжение во кое влегуваме побогати за многу искуства!“ – Хал Борланд

13. „Драг свету, јас сум возбудена што живеам во тебе и благодарна сум за уште една нова година.“ – Шарлот Ериксон

14. „Новогодишната ноќ секогаш ме заплашува. Животот не знае ништо за годините!“ – Чарлс Буковски

15. „Нова година е за аматери, за оние кои никогаш не остануваат после полноќ во кафаните!“ – Момо Капор

16. „Ќе ја отвориме книгата. Нејзините страници се празни. На нив самите ќе запишеме зборови. Оваа книга е наречена Можност, а првото поглавје е првиот ден од новата година.“ – Едит Лавџој Пирс

17. „Да наздравиме за новата година и новата шанса да ги подобриме работите.“ – Опра Винфри

18. „Целта на Новата година не е тоа да имаме нова година. Целта е да имаме нова душа и нов нос, нови стапала, нов грб, нови уши и нови очи.“ – Г. К. Честертон

19. „Нека сите неуспеси од минатава година ви бидат најдобри водичи во новата.“ – Мехмет Мурат Илдан

20. „Нема ништо магично во превртувањето на календарот, но тоа преставува нов почеток, нова надеж и празно платно.“ – Џејсон Сороски

21. „Постојат многу подобри работи напред отколку оние кои ги оставаме зад себе.“ – К.С. Луис

22. „Старата година фрлете ја во минатото. Пуштете ја бидејќи беше несовршена и заблагодарете му се на Бога што можете да ја пуштите.“ – Брукс Аткинсон

23. „Сите добиваме 365 денови. Единствената разлика е што ќе направиме со нив.“ – Хилари ДеПиано

24. „Се надевам дека сите соништа ќе ги имате во рака до крајот на годината.“ – Фаиз Исраили

25. „Ние сме автори на нашата судбина. Никој не ја гледа визијата појасно, не верува во неа и напорно работи за да ја оствари повеќе од визионерот.“ – Најк Капбел-Фатоки

26. „Нека вашите грижи траат еднакво долго како новогодишните одлуки.“ – Џои Адамс

27. „Кога сè ќе тргне да пропаѓа држете се до својата внатрешна сила и денешните предизвици закопајте ги со утрешната слобода.“ – Аниеки Точукву

28. „Денот после Нова година…Сега е време да направиме добри годишни одлуки. Следната недела можете да почнете да го поплочувате патот до пеколот, како и обично.“ – Марк Твен

29. „Ако ме прашате за мојата новогодишна одлука, таа би била да откријам кој сум.“ – Кирил Кјузак

30. „Ова е Нова година. Нов почеток. Сè ќе се промени.“ – Тејлор Сфивт

31. „Славете ги завршетоците бидејќи тие донесуваат нови почетоци.“ – Џонатан Локвуд Хју

Прочитајте ги и следниве инспиративни мисли за трпението!

Напишете коментар