Skip to content

10 божиќни и новогодишни песни како предлози за плејлиста

Токму на последниот ден од оваа година, пред да ја испратиме и засекогаш да ја пречкртаме на календарот составивме плејлиста со новогодишни и божиќни песни. Листата можеше да биде и десет пати поголема, но се потрудивме да ги избереме десетте кои заслужуваат да се најдат на едно место. Погледнете ги во продолжение, слушнете ги, со нив на сите вас ви посакуваме пријатна и магична вечер!

1. „All I Want For Christmas Is You“ – Mariah Carey

Нема човек кој не ја слушнал оваа песна само еднаш. Мараја кери поради неа е наречена Кралица на Божиќ, а оваа песна е најпродавана песна на сите времиња. Не поминува ниту еден Божиќ без оваа песна.

2. „Last Christmas“ – Wham!

Илезена во 1984 година оваа песна се немаше симнато од врвот на топ листите до 2017-та.

3. „It’s Beginning to Look a Lot Like Christmas” – Michael Bublé

Од поновите синглови со божиќна тематика ја издојуваме оваа од Мајкл. Уживајте во слушањето!

4. „Please Come Home For Christmas” – Jon Bon Jovi

Оваа тажна балада не е типична празнична песна, но и покрај тоа стана класика за овој период. Во спотот глуми Синди Крафорд, која ја има главната улога.

5. „Santa Claus Is Comin’ to Town“ – Bruce Springsteen

Оваа верзија на „Дедо Мраз доаѓа во градот“ ни е омилена, слушнете зошто!

6. „Божиќна песна“ – Златно славејче

Детскава песника заслужено влегува во оваа листа бидејќи никогаш нема да здосади ниту да го изгуби значењето. Една од безвременските песни кои произлегле од најубавиот детски фестивал кај нас.

7. „Ѕвона“ – Каролина Гочева

Од пред некоја година Каролина ни ја подари една од најубавите божиќни песни испеани кај нас.

8. „Тивка ноќ“ – Андријана Јаневска

Песна посветена на раѓањето на Исус Христос, со нежна и убава мелодија прикладна за слушање во текот на големиот ден кај христијаните. Пријатна за уши, со прекрасен текст!

9. „Божиќ за секој од нас – Група македонски пејачи и пејачки

Александар Белов, Александра Пилева, Кристина Арнаудова, Александар Митевски, Росица, Димитар Арнаудов и Фросина пред неполни десет години ја испееја „Божиќ за секој од нас“. Навистина песната има убава порака, посветена на сите што го слават овој празник.

10. Христос се роди денес – Божикна песна

Голема екипа со над 80 луѓе учествувале во овој проект за да можеме да ја слушнеме оваа песна, но и да го гледаме спотот. Во една од главните ликови е пејачката Вера Милошевска-Јосифовска од групата „Љубојна“

Во опис под насловот стои оваа порака: „Време е да го исполниме ветувањето и да ви ја подариме најново возобновената божикна песна “Христос се роди денес” овој пат посветена на возрасните. Искрено се надеваме дека тие, гледајќи го спотот, навистина ќе посакаат да ја прифатат возобновата
на древните божикни традиции со кои побожно се славело Рождеството Христово“.

Напишете коментар