Skip to content

Сакам само поезија

Сакам да се напијам од Хипокрен,

Испирација да добијам од саканата муза

Онаа која Полихминија ја викаат

Онаа, која на писателите на добри дела слава им носи,

Сакам да се искачам на Хеликон

Да ги видам маслиновите гори

Кои ги разладуваат телата на уморните поети

Кои трчајќи да се напијат од изворот Пегазов

Заспиваат во приспивен сон,

Сакам да ги пренасочам реките

Да ги пресретнуваат поетите,

духовно пливајќи

Во водите на нивните души

Сакам да пијат, пијат

Да го опијат овој свет,

Сакам да засвирам со мојте стихови

Да ги разбудам музите

Кои заспале во прастари соништа

Да нѐ смират

Да нѐ опијат со духот на љубовта

Сакам, сакам

Само поезија во светов.

Напишете коментар