Skip to content

Зошто жените плачат?

Едно момче ја прашало својата мајка: Зошто плачеш?

– Затоа што сум жена, му одговорила таа.

– Не разбирам, рекло момчето.

Мајката само го прегрнала и рекла: Никогаш нема ни да разбереш.

Подоцна го прашало својот татко:

– Зошто ми се чини дека мама плаче без никаква причина?

– Сите жени плачат без никаква причина, било единствено што таткото знаел да го каже.

Момчето пораснало и станало маж, но сè уште се прашувало зошто жените плачат. Најпосле го повикал Бог. Кога го добил, го прашал:

– Боже, зошто жените толку лесно се расплакуваат?

Бог одговорил:

Кога ја создавав жената мораше да биде посебна.

1. Ѝ дадов рамена доволно силни за да ја носи цела тежина на светот, а повторно толку нежна да може да даде утеха.

2. Ѝ дадов внатрешна сила да поднесе пораѓај и отфрлање кое толку пати ќе стигнува од нејзините деца.

3. Ѝ дадов цврстина која ѝ овозможува да оди понатаму и кога сите други ќе се откажат, да се грижи за својата фамилија за време на болест и неволји без приговори.

4. Ѝ дадов чувствителност да ги сака своите деца без оглед на сè, дури и ако тоа нејзино дете многу ја повредило. Ѝ дадов сила да сè носи со својот маж низ неговите грешки и ја создадов од неговото ребро за да го штити неговото срце.

5. Ѝ дадов мудрост да знае дека добриот маж никогаш не би ја повредил својата жена, но повремено ја тестира нејзината сила и одлучност да биде покрај него.

И најпосле, ѝ дадов солза да ги исплаче. Тие се само нејзини, да ги користи кога ќе ѝ затребаат.

Прочитајте ја и новогодишната приказна!

Напишете коментар