Skip to content

47 мисли за храброста кажани од големите луѓе низ историјата

Храброста е спротивна на стравот. Што имале да ни кажат мудрите умови за храброста и како тие ја опишуваат истата само во неколку зборови? Прочитајте ги во продлежние и оставете ни коментар која мисла најмногу ви се допаѓа.

1. „Човекот не може да открие нов океан ако нема храброст од вид да го изгуби брегот.“ – А. Ги де Мопасан

2. „Научив дека храброста не е отсуство на страв туку победа над него. Храбриот човек не е оној кој не се чувствува исплашено туку оној кој го надвладува тој страв.“ – Нелсон Мендела

3. „Тајната на слободата лежи во храброста.“ – Перикле

4. „Храброст е она што е потребно да станеш и да говориш. Храброста е исто она што е потребно да седнеш и да слушаш.“ – Винстон Черчил

5. „Храброста е доблест врз основа на која луѓето во опасност прават благородни дела.“ – Аристотел

6. „Храброста секогаш се состои во омаловажување на опасноста.“ – Шарл де Гол

7. „Подобро да се умре на нозе отколку да се живее на колена.“ – Емилијано Сапата

8. „Да се види она што е исправно, а да не се направи тоа е недостаток на храброст.“ – Конфучиј

9. „Луѓето кои имаат храброст и карактер на другите секогаш им се непријатни.“ – Херман Хесе

10. „Хуманиот човек сигурно ќе се одликува со доблести на јунаштво. Сепак, секој храбар човек треба да се одликува со хуманост.“ – Конфучиј

11. „Секоја интелигентна будала може да ги направи нештата поголеми и покомплекси. Потребен е допир на гениј и многу храброст за да се тргне во спротивен правец.“ – Алберт Ајнштајн

12. „Храброста е страв кој ги измолил своите молитви.“ – Д. Бернар

13. „Најдоброто што го сочинува јунаштвото е внимателноста.“ – Вилијам Шекспир

14. „За храбрите и тигрите се овци.“ – Л. Н. Тојстој

15. „Некои луѓе се храбри само затоа што постојат и кукавици.“ – Непознат автор

16. „Храбар е оној човек кој не бега, туку останува на своето место и се бори против непријателот.“ – Сократ

17. „Храброста е милост под притисок.“ – Ернест Хемингвеј

18. „Не постојат лесни одговори, но постојат едноставни одговори. Потребно е многу храброст да го направиме она што е морално исправно.“ – Роналд Реган

19. „Храброста е сила за да се напушти познатото.“ – М. Брајан

20. „Кога некого го заплашуваме го правиме тоа за да се охрабриме себеси.“ – Херман Хесе

21. „Иронијата е храброста кај слабите, а кукавичлук кај силните.“ – Линколн

22. „Сите ваши соништа можат да постанат реалност – ако имате храброст да ги следите.“ – Волт Дизни

23. „Неуспехот не е важен. Потребна е храброст да направите будала од себе.“ – Чарли Чаплин

24. „Храброста е како љубовта, за да ја негувате треба да имате надеж.“ – Наполеон Бонапарта

25. „Големите епохи од нашите животи лежат таму каде стекнуваме храброст за нашето зло да го преименуваме во нешто најдобро.“ – Фридрих Ниче

26. „Оној кој никогаш не бил во опасност не може да ја знае својата храброст.“ – Наполеон

27. „Кукавиците умираат повеќе пати пред својата смрт. Храбрите ја вкусуваат смртта само еднаш.“ – Шекспир

28. „Баш како што храброста го загрозува животот исто така стравот го штити.“ – Леонардо да Винчи

29. „Мудроста, сочувствувањето и храброста се три општопризнати морални квалитети на мажот.“ – Конфучиј

30. „Храброста е најважна од сите доблести, бидејќи без храброст ниедна доблест не може да се практикува постојано. Секоја доблест можеш повремено да ја практикуваш, но недна постојано ако немаш храброст.“ – Маја Ангелоу

31. „Имај храброст да се служиш со сопствениот разум.“ – Имануел Кант

32. „Во значајните епохи од животот понекогаш и во најобичниот човек се распламтува искра на јунаштво кое дотогаш непознато тлеело во неговите гради и тогаш тој извршува дела за кои претходно не ни сонувал и во кои подоцна дури и самиот едвај ќе верува.“ – Михаил Лермонтов

33. „Девиза на правиот генерал е: да се биде храбар пред непријателот, а да се плаши од војна.“ – Брианд

34. „Плашливиот човек не може да биде среќен. Луѓето не го трпат, жените не го сакаат, а тој самиот се презира.“ – Ефраим Кишон

35. „Храброста се наоѓа на неочекувани места.“ – Толкин

36. „Спротивност од храброста не е кукавичлук туку конформизам. Дури и мртвата риба може да плови по реката.“ – Џим Хајтауер

37. „Храброста е да се биде смртно преплашен и повторно да седнеш во седиштето.“ – Џон Вејн

38. „Вреди да се има на ум дека храброста е секогаш слепа бидејќи таа не ги гледа опасноста и неприликите.“ – Френсис Бекон

39. „Биди храбар, но имај плашлив советник.“ – Унгарска изрека

40. „Општеството кое нема храброст и способност да ја сознае правата вистина за себе – тоа не е здраво општество.“- Ленин

41. „Оној кој не е доволно храбар да ризикува нема да постигне ништо во овој живот.“ – Мухамед Али

42. „Ги сакам оние кои им се смеат на проблемите, кои наоѓаат нова сила во тешкотиите па стануваат уште похрабри. Во таквите услови тесноградите се откажуваат, но оние чиишто срца се цврсти, чијашто совест ги оправдува нивните дела, се подготвени да ги следат своите принципи до смрт.“ – Леонардо да Винчи

43. „Трудот и храброста не се доволни без смисла и цел.“ – Џон Кенеди

44. „Тргни се од луѓето кои мислат дека дрскоста е храброст, а нежноста кукавичлук. Тргни се и од оние кои мислат дека брборењето е мудрост, а молчењето незнаење.“ – Калил Џибран

45. „Храброста ги ублажува ударите од судбината.“ – Демокрит

46. „Храброста е да се оди од неуспех до неуспех и да не се изгуби ентузијазмот.“ – Винстон Черчил

47. „Моќта им е дадена само на оние кои се осмелуваат да се наведнат и да ја подигнат. Само една работа е важна, да се биде во состојба да се осмелиш.“ – Фјодор Достоевски

Прочитајте ги и следниве мисли за Нова година и нови почетоци.

Напишете коментар