Skip to content

Дали пандемијата ќе го уништи киното?

Дали стримингот ќе го убие киното? Пандемијата и брзиот пад на приходите го забрзаа прашањето кое веќе долго го поставуваат филмаџиите и управителите на кино салите.

Новинарите не ја прифатиле поканата на организаторите, а дури и минувачите требало да се наговорат за да ја погледнат филмската проекција во подрумот на парискиот Гранд Кафе пред 125 години. За еден франк колку што чинела влезницата тогаш, гледачите можеле да погледнат 10 кратки филмови во времетраење од 20 минути.

Прва филмска проекција во историјата

На првата филмска проекција во историјата присуствувале 32 гледачи и сите на крајот биле “неописливо изненадени и без зборови“, рекле организаторите. Првото кино посеало успех. Пандемијата оневозможи на крајот од 2020-та да се одбележат 125 години од раѓањето на киното. Пред 5 години парискиот Гранд Палас со голема изложба им се оддолжи на браќата Лимиер, исклучителни кинематографи.

Со тој уред, комбинација на филмски камери, филмски проектор и машина за копирање, двајцата индустријалци го прикажале својот краток филм „Излегување на работниците од фабриката Лимиер во Лион“. После приватната проекција на 22 март 1895 година, браќата филмот го прикажале јавно во Гранд Кафе на 28 декември истата година. Таа проекција влегла во историјата како раѓање на киното, покрај сите подготвени трудови од останатите пионири на кинематографијата како американецот Томас Едисон и германските браќа Складоновски.

Гранд Кафе кој се наоѓал недалеку од париската оперската куќа Гарниер повеќе не постои. Таму сега има луксузни хотели, а плакетата на неговата челна страна укажува на тоа дека токму тука било местото на првата проекција на браќата Лимиер.

Кратко после првата проекција почнале филмските претстави во кафулињата, театрите и циркуските шатори, а кино салите се изградени подоцна. Денес нивното место го заземаат мултиплексите, механичките проектори се заменети со дигитални, а стриминг платформите сѐ повеќе го приближуваат киното до домовите.

Нови навики на гледачите, забрзан развој на стриминг платформите

Сето ова ги променува навиките на гледачката публика која сега новите филмови може да ги погледне во удобноста на својот дом. Приходите на стриминг платформите како Нетфликс и Амазон Прајм поголеми се од оние на традиционалните кина со што е разнишан работниот модел стар повеќе од стотина години.

Се поставува прашањето: „Дали стримингот го убива киното?“ Пандемијата и  пребрзиот пад на приходите само го забрзаа прашањето кое долго си го поставуваат филмаџиите и управителите на кино салите. Сосема оправдано од оваа гледна точка. Треба да се истакне дека ова не е првпат на киното да му се предвидува пропаст, но првпат се работи за криза од вакви размери, уште од појавата на телевизијата во 50-тите години на минатиот век.

Многумина во индустријата веруваат дека киното во својата традиционална форма не може да преживее. Дел од експертите сметаат дека гледањето филмови во кината повторно ќе процвета само ако во понудата се воведе нешто посебно, пример иновација како чувство на мирис или вибрирачки столици. Други сметаат дека кината би требало да бидат субвенционирани како културни институции, како музеите. Тие веруваат дека само на овој начин кината можат да се надеваат на некаква иднина.

Прочитајте и дознајте ги следниве факти за снимањето филмови.

Напишете коментар