Skip to content

Капетанот на нејзиното срце

Лара се школуваше на приватен и престижен универзитет. Студентските денови ѝ минуваа брзо. Во трета година, тие прелетаа бидејќи Лара веруваше дека ја запозна нејзината вистинска љубов. Тетка и ѝ купи двособен стан во добро маало, а Горазд, нејзиното момче, убаво го дотера. Живееа мирно и среќно. Единственото на што Лара не се навикна долго време беа долгите службени патувања на Горазд. Тој е морнар. Лара не го видела веќе четири месеци. Тој доаѓаше на една недела, потоа пак заминуваше. И Лара само чекаше тој да дојде и чекаше, чекаше…

Ѝ беше досадно и беше тажна што Горазд не сакаше да чуваат во станот кучиња и мачки, па Лара осамена ја чекаше секоја нивна наредна средба. И тогаш се појави Нико, колегата на Лара на кому му требаше празна соба за живеење. Лара му издаде нему една соба од станот. Така тие двајца почнаа да живеат заедно, иако Горазд на почетокот се противеше на тоа.

Нико, колегата на Лара, ѝ го смени животот како никој друг. Овој тивок човек, кој веруваше во Господ, ја оддалечи Лара од Горазд. Она што го доживеа Лара ѝ е познато само нејзе. Помина малку време, па му кажа на Горазд дека е време да си замине од нејзиниот живот. Ѝ здодеа постојаното чекање и кратките средби со него. Тој ја молеше да останат заедно, но Лара не се предомисли … Кон Нико чувствуваше нешто посилно. Тој секогаш беше тука. Секогаш имаше рамено на кое што може да се потрпрe. Не разделба, на Горазд му рече: „Тој е толку сличен на тебе. Вашата главна разлика е во тоа што ти никогаш не си дома, а тој секогаш тука е. Одам некаде – мирна сум, не се грижам дека ќе побегнам. Кон него чувствувам нешто многу посилно! Сфатив дека не сакам да го изгубам она што го имам сега.”

Горазд излезе од животот на Лара. Сè започна да се подобрува. Сега Лара не го чека капетанот да го закотви бродот за биде среќна. Сега го држи за рака капетанот на нејзиното срце и го чека денот на венчавката. Тој веќе е одреден и никој нема да го смени.

Лина Димоска

Напишете коментар