Skip to content

Астерикс и Обеликс – јунаци од нашето детство

Сетете се колку уживавте во цртаните филмови со Астерикс и Обеликс. Двајцата бунтовни Гали беа најдобри пријатели. Магичната напивка го правеше Астерикс посилен од било кој. Сигурно и вие барем еднаш сте посакале да ја пробате оваа напивка. Но кои се всушност Астерикс и Обеликс?

За стрипот

Стрипот за Астерикс и Обеликс e создаден во 1959 година од сценаристот Рене Гошини и карикатуристот Алберт Удерзо. Истиот стана еден од најпопуларните европски, сатирични стрипови во историјата на деветтата уметност.

Овој стрип е сензација на издавачкиот свет повеќе од 45 години. Низ него ликот Астерикс стана митска фигура, симбол низ целиот свет за сите што се спротивставуваат на влијанието на империите кои се обидуваат да ја наметнат својата волја и закон над другите. Рене Гошини објаснува дека името на неговиот херој, со првичното „А“, е јасна предност во однос на класификацијата по азбука во која било друга стрип-енциклопедија, но дали некогаш замислувал дека неговиот мал Гал ќе ја промени историјата на стрипот?

Ликот на Астерикс

Иако нема импресивна фигура, ниту може да се поврзе со ликовите кои ги нацртал Алберт Урдензо, Астерикс е единствениот анти-херој кој може да се пофали со колекција успешни приказни и подвизи.

Низ неговите авантури го гледаме неговото легендарно лукавство и скапоцената магична напивка измислена од Гетафикс. Таа му овозможуваат да избега од најтешките ситуации, од честопати излегува херојски прославен. Астерикс одлично се справува со Цезар, освојува златен метал на Олимписките игри (без да користи волшебна напивка). Со почести ги завршува 12-те задачи кои што ги наредува Цезар, еден ден кога бил доволно глупав да ризикува облог со непоправливите Гали.

Ликот на Обеликс

Обеликс не е дебел. Тој има моќна фигура, тоа е сè. Паднал во котелот со магичен напиток кога бил мало момче.

Иако има само мала улога во првата авантура, Обеликс брзо станува суштински лик што авторите на стрипот го развиваат паралелно со Астерикс. Тој е всушност омилениот херој на читателите: сите анкети на јавното мислење го ставаат Обеликс на врвот на листата на омилени ликови од овој стрип. Едно истражување меѓу младите адолесцентни девојки дури го оцени Обеликс како „најсекси“ лик меѓу Галите!

Во авантурите напишани од Рене Госкини и Алберт Удерзо, ние го среќаваме како лик кој лесно се навредува. Чувствителен е. Тоа го гледаме додека плаче на романтичните среќни краеви и дефинитивно е лаком. Големото дете кое пораснало премногу брзо сè уште не е свесно за својата сила. Во негова одбрана, мора да се каже дека не паѓа секој во котел со магичен напиток додека е мало момче.

Прочитајте го расказот Капетанот на нејзиното срце.

Напишете коментар