Skip to content

Година – Тони Стефановски

  • by

Ситно дожденце надвор си роси,
а јас тивко заспивам во твојте коси.

Утрешниот ден ќе биде полн со сончев сјај,
исто како да е месец мај.

Ноќта полека полека паѓа,
и нова зора се раѓа.

Но да чекаме и баба Марта да дојде,
па и оваа ладна зима да си појде.

Кокичето да ја започне пролетта прво,
и со цут да се израдува секое дрво.

Птиците преселници истиот пат ќе го пратат,
и во своите летни гнезда ќе се вратат.

Нова љубов во гнездата ќе никне,
и силна радост и среќа ќе бликне.

Летните денови брзо минуваат,
а есенските уште побрзо стигнуваат.

Птиците повторно ќе се вратат на југ,
и се така секоја година ќе се врти во КРУГ.

Тони Стефановски

Напишете коментар