Skip to content

Бадник и Божиќ нè учат на добрина, нè учат на мир – Ирена Блажеска

  • by

Празници, блескаат наоколу како жар, ширејќи се во очите на луѓето, како оган кој топлината ја всадил некаде меѓу искрата и надежта. Секој се радува на нешто, секој очекува нешто, секој добива нешто. Барем јас така ги доживувам овие празници, барем таков е Бадник, таков е Божиќ, можеш само длабоко во себе да посакаш и да чекаш да добиеш.

Тие се доказ дека шансите не се изгубени и покрај сите изгубени надежи, тие се доказ дека и утре се ќе биде подобро, дека и утре надежта ќе блесне некаде меѓу ѕидовите. Знаете, премногу ми фали времето кога додека се спремаше трпезата ја редеја паричката да падне или кај мене или кај брат ми, малечки па да се радуваме. Тоа беше преубаво време, тогаш немаше љубомора, немаше корист, тогаш бевме среќни. Бевме навистина среќни и исполнети.

А денес, денес ништо нема вредност, денес имаме заборавено на сè. Тие времиња фалат, само тие. Тие времиња, кои нè подучуваа само на добрина, на мир. Но за жал, денес, во овој свет, не се знае кој е ,што е, каде е и што прави, зашто секој гледа да си го тера својот ќеф барајќи но не добивајќи ништо. А денес, ние единствено што треба е да не бидеме себични, да се сакаме, да делиме љубов, внимание, да делиме насмевки. Да бидеме луѓе, доволно е.

Оваа вечер заборавате на минатото, на сè што ви предизвикува лоши мисли, заборавете на тоа вчера мислејќи само на утре, а утре Божиќ нека ве покрие со здравје, среќа и бериќет.

Ирена Блажеска

Напишете коментар