Skip to content

Мислата е ненапишана – Виктор Кадинец

  • by

Убаво е да читаш мисли.

Ако прочиташ мисла,

не си ѝ роб.

Неизустена е,

стиснат говор,

премолчен,

затолчен на ивицата од усните.

 

Подгризнати се, да.

Како спокој завиткан во скромен целофан.

Ти ги нудиш усните,

за да ја издишиш мислата.

Да ја внесиш во нечија душа,

небаре поклон даваш во мирољубие,

со тристихија препеана во себе.

 

И бараш, читаш.

Мудроста небаре од книгата прочитана,

ќе ја осознаеш.

Ја впиваш со содржината,

а ненапишаното повеќе ќе кажи.

Оти неизустеното,

премолченото ти е тајна за сите други.

Ама вриска во тебе,

вика ослободиме,

да бидам мисла напишана на хартија.

Те моли да ја изустиш,

како тапан да згрми пред целиот свет.

 

Мислата е ненапишана.

Не изговорена.

А мудрост дава повеќе,

отколку да биде проговорена.

Напиши ја и стави си печат на дланка.

Затвори ја дланката и вдиши ја.

Стиши ја…ако можеш.

Издиши ја…ако сакаш.

Ако не…послушај ја…

Неизговорена…

Оти мудрост дава повеќе,

отколку да биде, проговорена.

Виктор Кадинец

Напишете коментар