Skip to content

Да се преживее смртта: Научни истражувања преточени во серија

Да се преживее смртта, серија заснована на бестселерот на новинарката Лесли Кин, сега се емитува на Нетфликс. Ова е документарна серија од шест епизоди, која ги пробива границите на науката во однос на значењето на смртта. Се работи за неверојатните вистини зад искуствата блиски до смртта, како и искуствата од минатите животи.

Отсекот за перцептивни истражувања

Меѓу експертите што се појавуваат во серијата, се д-р Брус Грејсон и д-р Џим Такер. И двајцата се од Отсекот за перцептивни истражувања при Вирџинискиот универзитет. Тие ги споделуваат своите истражувања за свеста и вистинските животни приказни од кои извлекувале заклучоци.

Отсекот за перцептивни истражувања е основан во 1967 г. Со веќе длабок завет во науката, Отсекот ја истражува врската помеѓу мозокот и умот, преживувањето на свеста по смртта. Отсекот ја истражува и суштинската природа на свеста, и на крајот, што значи навистина да бидеш човек.

Д-р Џим Такер и научното истражување на реинкарнацијата

Д-р Џим Такер е професор по психијатрија и невробихевиорални науки во Отсекот за перцептивни истражувања, каде е и директор,  при Вирџинискиот универзитет. Покрај работата како детски психијатар, главните негови истражувачки интереси лежат во извештаите за деца со спомени од претходните животи. Неговиот пристап кон нив е објективен и научен. Оваа пролет, ќе биде издадена неговата книга Пред тоа: Спомените на децата за претходните животи. Се работи за подновена едиција од неговите бестселери Враќање во животот и Живот пред животот. Во неа ќе се најдат и понови случаи на исклучителни деца со спомени од претходни животи.

„Иако можеби никогаш во потполност не ќе ја решиме најголемата од сите мистерии – што се случува по смртта – доказите почнуваат да укажуваат дека сме можеби дел од едно поголемо постоење што не можеме целосно да го сфатиме, и нашите патувања продолжуваат уште долго откако ќе умреме“ – вели д-р Џим Такер.

Д-р Брус Грејсон

Д-р Брус Грејсон е пензиониран професор по психијатрија и невробихерионални науки на Отсекот за перцептивни истражувања при Вирџинискиот универзитет. Неговиот интерес за искуствата близу до смртта почнува со една случка набргу по неговото дипломирање. Тогаш една пациентка кажала дека го напуштила своето тело додека лежела несвесна. Неговата нова книга се вика Потоа: Доктор истражува што искуствата блиски до смртта ни откриваат за животот и по него. Во неа ги предизвикува нашите секојдневни размисли за нашите умови и мозоци. Тој нуди клучни и длабоки перцепции и разбирања, со кои би можеле да имаме многу посодржаен и исполнет живот.

„„Искуствата блиски до смртта, понекогаш нарекувани ИБС, се длабоки доживувања што ги искусиле многумина кои биле близу до смртта. Веројатно, помеѓу 10 и 20 насто од луѓето што доживеале клиничка смрт, кажуваат за овие драматични искуства. Овде, во Отсекот за перцептивни истражувања, ја истражуваме веројатноста дека нешто во нас може да ја преживее физичката смрт. Се работи за субјективни искуства, кои много тешко може да бидат објективно потврдени. Со тоа научниците се соочуваат со многу повеќе прашања. Многумина критичари на ова истражување се жалат дека станува збор само за анегдоти. Но, всушност, кога ќе погледнете на историјата на науката, сета наука почнува со собирање анегдоти и дури потоа ги пронаоѓа шаблоните на овие различни приказни. И, постојат милиони вакви искуства што се регистрирани низ целиот свет“, вели д-р Брус Грејсон.

Извор

Напишете коментар