Skip to content

Кога вистината ќе тропне на врата

Вистината ни тропнува на врата порано или подоцна. Многу е важно да ја пречекаме во вистиснко време и да не ја избегнуваме. Прочитајте ја оваа кратка приказна која прикажува сликовито што се случува кога премногу се држиме до вистината во која веруваме.

Еден ден разбојниците го киднапирале петгодишното момче и го запалиле селото во кое живеело. Кога татко му се вратил го погледнал пожарот и помислил дека јагленосаното детско тело е неговиот син. Плачејќи и кубејќи ја косата го запалил телото, ја собрал пепелта во една вреќиќка и секогаш ја носел со себе.

Меѓутоа, еден ден неговиот вистински син им побегнал на разбојниците и се вратил дома. Чукнал на татковата врата. Татко му кој сè уште плачел и ја носел вреќичката прашал: Кој е таму?

– Татко, јас сум, твојот син. Отвори ја вратата.

Таткото помислил дека со него се шали некое палаво момче. Му рекол да си замине и продолжил да плаче. Момчето упорно тропало, но таткото не ја отворил вратата. После одреден период момчето си заминало. Таткото и синот повеќе никогаш не се виделе.

На крајот мудрецот додал: Ако нешто сметаш за вистина, ако за тоа премногу се држиш, кога самата вистина ќе дојде на твојата врата нема да ѝ отвориш.

Прочитајте ја и оваа кратка приказна – Како гледате на среќата?

Напишете коментар