Skip to content

Дали би го закачила својот венец? – Рабиндранат Тагоре

Убавице, дали би го закачила својот венец од свежо цвеќе
околу мојот врат?
Но, знај дека венецот што јас го сплетов е наменет за многу, за оние
кои бегло минуваат покрај некого, кои живеат во
неиспитани земји или во песните на поетот.

Доцна е да бараш да ги замениме своите срца.
Постоеше време кога животот ми беше како пупка, неговиот мирис
беше во јадрото.

Сега е расеан на сите страни.
Кој ги знае магиите што повторно би го собрале?
Моево срце не ми припаѓа мене за да го дарувам еднаш: на многумина
им го дарував.

Прочитајте ја и „Мирувај, мирувај срце мое“ – Рабиндранат Тагоре.

Напишете коментар