Skip to content

Што е сонот? – Анастасија Лефкоска

Ако сонувам, живеам. Ако не сонувам, а живеам значи животот ми избегал.  Сум останала заглавена на средина на приказната и не можам да излезам. Верувам дека делови од мене не гледам на јаве толку јасно колку што ги гледам во тоа замаглено огледало во сонот исполнет со метафори, верувања, ѕверови, војни и заговори. Верувам дека постојам зошто сонувам, а сонувам зошто сè уште се барам. Преку сонот полека полека се наоѓам. Не знаев, но на крај конечно разбирам.

Што е сонот ако не желба на душата да го поседува барем на миг она што допрва ја чека? Што е сонот ако не привремена смрт на телото и прошетка по сета паралела на универзумот? Што е сонот ако не е поука, скирена желба и копнежлива состојба? Сонот е сè ова плус сеќавања, креативен вентил на несвесното на душата, вид на астрална проекција со која се допира небесата. Сонот е храброст и свест и несвесност и потсвест измешано во едно. Состојба во која стравот или среќата царува, измешана со понекоја скриена внатрешна порака.

Сонот е најпотценетата човечка моќ, која или руши или царува. Или раѓа нарколептичари или создава инсомничари. Сонот е метафора, а на вас останува да откриете каква.

Напишете коментар