Skip to content

Поучна приказна за благодарноста

Чудата се случуваат или не? За мечтаењето на некое сиромашно селско дете кое сака да стане образован, угледен и славен човек, а во средината во која припаѓа, се вели дека тоа може да се случи само кога на земјата ќе почнат да се случуваат чуда. Посебно ако тоа било период од крајот на 19-ти век. А еднаш се случиле обични, сосема обични нешта кои одлучиле да се претворат во приказна. Во продолжние следи приказна за благодарноста што мора да ја прочитате!

Во едно Шкотско мочуриште, еден фармер со име Флеминг, додека одел по тесниот пат исполнет со плевел, слушнал како од далеку некој довикува за помош. Гласот доаѓал од валкана и со ништо привлечна бара. Веднаш ги фрлил сите работи кои ги носел и потрчал во правецот од каде што доаѓале сите тивки повици за помош. Едно момче се обидувало да се ослободи од калта во која паднало, но онело сè подлабоко. Искуството на човекот кој живеел на мочуришен брег било пресудна за некој да се спаси во таква ситуација. Неколку дена после тоа, пред скромната куќа од фармерот застанале кочии и од нив излегол господин со благороднички став и му се обратил на селанецот.

– Jас сум му татко на детето коешто го спасивте! Како можам да ви се оддолжам?

– За такво нешто не можам да примам никаква награда – се правдал човекот.

– Мене би ми претставувало задоволство сепак да Ви се оддолжам на некаков начин.

– Но мене би ми било понижување да наплатам за она што секако би требало да го направам!

Во тој момент во дворот благородникот го забележал синот на сиромашниот фармер.

– Тоа е ваше дете?, прашал.

– Да, мојот син! – со гордост рекол селанецот.

– Тогаш дозволете ми да му овозможам школување на вашиот син како и на мојот син којшто го спасивте. Речиси се на иста возраст. Ако е и малку налик вас, ќе се гордееме со нив двајца! Ниту еден татко на местото на овој сиромашен фармер Флеминг не би ја одбил ваквата понуда. И?

Момчето одело во најдобри училишта. Дипломирало на Медицинскиот факултет Света Марја во Лондон. Тука не е крајот на успешноста на некогашното момче од село. Подоцна му станал познат на цел свет како Александар Флеминг бидејќи го открил пеницилинот. Дури ни тука не е крајот на некои сосема обично случки. На добротворот, оној благородник кој се погрижил за школувањето на сиромашното момче, научникот му се оддолжил на еден посебен начин. Кога неговиот син се разболел од тешко воспаление на белите дробови, болест која галопирала кон туберкулоза, му помогнал токму со откривање на пеницилинот. Човекот чијшто живот тогаш бил спасен се викал Винстон Черчил, а неговиот татко, Лорд Рандолф Черчил бил оној благородник кој го забележал момчето во дворот на скромниот фармер.

Од книгата „Духови приказни“
Автор: Давид Наум

Прочитајте ја и кратката приказна: Како гледате на среќата?

Напишете коментар