Skip to content

Вратен патник

  • by

Чуден странец бев, јас
ги познавав облаците
го познавав сонцето
дождот исто така,
бев го познавал
Патував сам до,
места непознати
Но мислите за моите
воскреснуваа сетне
повторно и повторно
одново и одново
со секое утро в’ туѓи
предели и сокаци
И повторно чекорев
по темните облаци
зад ветрот в’ плеќи…
Но сега си одам дома
да го видам домот
да заборавам на патот
Да се сетам сетне на
секој порок сторен
На плажата,
која постела ми беше
На љубената и песната
на сето збиднување
кое храна ми бидна
дур домот, далек
преку мориња
тажачка, тажи…
Но јас, се вратив
в’ куќи, цврст орев станат
под корупка пеперутка
при корија да здивне
и почине сака.

Напишете коментар