Skip to content

Печатница на болката – Ирена Белешковска

  • by

Тие се твои слики
ти имаш многу лица
нема да биде исто
штом е таа кралица- ти си рицар.

Жиг остави како вулкан
длабоко врежан, високо стои
ќе го паметат многумина,
таа ќе застане минути да  брои.

Пее ситото во длапка
остава траги, риги и дамки,
се печати болката на лист
сликите се врежуваат во ѕвездени рамки.

Ирена Белешковска

Напишете коментар