Skip to content

Резултати од конкурсот „Корона во време на новогодишни празници“

  • by

Драги учесници пристигнаа и долгоочекуваните резултати. Ви благодариме за трпението и за сите испратени дела. Беше задоволство да ве читаме, а во знак на благодарност деновиве ќе излезе и е-зборникот со сите ваши дела собрани на едно место. Ќе биде публикуван онлајн и сите ќе имаат пристап до него.

Беа пристинати вкупно 31 есеј на конкурсот.

Бидејќи беа испратени литературни творби од најразлични возрасти, ние направиме 2 категории: за пристигнати дела на учесници со ментори (под 18 години) и на учесници што испратиле есеј без ментор (над 18 години).

Во двете категории има по три најдобри есеи. Жирито преку бодување ги даде своите гласови, а потоа се формираа конечни оцени за сите пристигнати есеи. Меѓу учесниците имавме и автори чијшто мајчин јазик не е Македонскиот. Ни пристигнаа дела и од Србија, Босна и Херцеговина, како и од повеќето градови од нашата држава.

Во продолжение ги претставуваме шестте најдобри кои добија најмногу гласови:

I Категорија на учесници со ментори:

Прво местоЕлмин Елези

Второ местоМарија Мишева

Трето местоАна Трпевска

II Категорија на учесници со над 18 год.:

Прво местоЈована Матевска Атанасова

Второ местоМаид Чорбиќ

Трето местоГордана Каракашeвска

Ќе ги објавиме нивните есеи во теков на денот.

Ви благодариме на сите за покажаниот интерес за учество, во текот на утрешниот ден ќе ги објавиме и сертификатите и благодарниците за учество што ќе ги добиете сите.

Напишете коментар