Skip to content

Часовникот што чука – Наталија Наумовска

Тик-так, тик-так се слуша
овој ѕиден часовник во дневна стои
се однесува исто како да има душа.
Ритмичен звук испушта тој,
жив ли е или само е механички спој?

На батерии работи и везден
стрелките ги поместува
тоа му е работа,
за времето да нè известува.

Тик-так, тик-так цело време чука
како да сака да каже: „И јас сум тука“!
Секој ден си работи по својата азбука.

Колку е часот се прашуваме ние,
Часовникот што чука одговорот го крие.
„Стигни на време, не доцни“, ни велат
сигурно времето со часовник ни го мерат.

Часовникот што чука е главна атракција,
интересна е неговата конструкција,
тој претставува вистинска инструкција
според која ги обликуваме денот и ноќта.

Напишете коментар