Skip to content

Поучна приказна: Составот кој ја расплакал една учителка

Една учителка во основно школо на своите ученици им дала задача да напишат состав за тоа што би сакале Бог да направи. На крајот од денот, додека ги оценувала составите, прочитала еден кој кај неа предизвикал многу емоции. Нејзиниот маж, кој во тој момент влегол во станот, ја здогледал расплакана и ја прашал: „Што се случило?“

– Прочитај го ова, тоа е состав на еден од моите ученици.

Боже, вечерва те молам да ми направиш нешто многу посебно. Направи да се претворам во телевизор. Сакам да го заземам неговото место и моето семејство да се собира околу мене. Сакам да ме сфаќаат сериозно кога зборувам. Сакам да бидам во центарот на вниманието и да ме слушаат непрекинато и без прашања. Сакам да бидам во друштво на својот татко кога ќе дојде дома од работа, дури и кога е уморен. Сакам мојата мајка да ме сака дури и кога е вознемирена наместо да ме игнорира.

Сакам моите браќа да се натпреваруваат за да играат со мене. Сакам да почувствувам како моето семејство остава сè настрана, барем понекогаш, само за да поминува време со мене. И на крајот, но не и помалку важно, сакам да ги направам среќни и да ги забавувам. Боже, не барам повеќе. Само сакам да живеам како телевизор.

Во тој момент мажот кој бил трогнат рекол: О Боже мој, кутро дете. Какви грозни родители има.

Жената го погледнала и рекла: „Овој состав го напишала нашата ќерка!“

Прочитајте ја и кратката приказна: Што значи да се бидуе присутен?

Напишете коментар