Skip to content

Лебедова песна – Анастасија Лефкоска

Чашите шампањ светкаа под жолтото светло на скапоцениот лустер. Жагорот на присутните гости ја исполнуваше балската сала. Сите што се сметаа за “некој” во светов беа присутни. Милиони долари само во фустани и костуми. Се смешкав. Потпивнував од кристалната чаша, подголтнував измеѓу кнедлата и дишев преку трњата низ душава. Да си дел од таа Холивуд елита значеше пред камери, меѓу луѓе и на фотографии да бидеш насмеан. Секогаш насмеан, секогаш среќен, совршен. Не знам што се случи таа вечер. Можеби совршеноста му здодеа на обичниот народ, можеби петте минути слава беа привлечни или па милионите долари.

Истрелот го запре жагорот. Ми ја искина кошулата, ми ја прободе кожата и разлеа крвта. За некое чудно, не паднав, седнав на столицата и сосем смирено го чекав моментот на смртта. Се појави од некаде, можеби и требаше да очекувам, години игнор, години играње играчки, заебана работа, заебана љубов и душа, сосема беше природно после сѐ да бидеш тука. Ко што ме дочека така и да ме испратиш. Пребледе. Стутка чаршав од масата во раката и ми притисна на градите. Седна пред мене, плачеше.

Напишете коментар