Skip to content

За испраќањето на старата и дочекување на новата година (Видео)

Во првиот месец од новата година решив да го објавам видеото кое го подготвив за мојот YouTube канал. Со него сакав да го означам крајот и испраќањето на годината што измина. Но и да ѝ посакам добредојде на 2021-та. Сето тоа е срочено во нецели 7 минути во видеото во кое не кажувам ништо ново. Сепак, го кажувам на мој начин, од моја перспектива, но сметам дека повеќето од вас го чувствуваат истото.

Замислено како една кратка рекапитулација на некои најважни работи што се случуваа изминативе месеци. Иако првично планирав да излезе уште во првата недела од овој месец, малку се пролонгираше. Меѓутоа видеото е тука! Чека да биде погледнато и слушнато, а доколку сакате слободно можете да го споделите на социјалните мрежи за да го видат повеќемина. Нема да ми пречи доколку под видеото пишете коментар од вашиот впечаток. Можете да напишете кратка порака до годинава што ја дочекавме, каква сакате да биде?

Погледнете го во продолежние, можете да направите и subsrcibe на каналот.

Прочитајте ја и следнава статија за испраќањето на една година и новите почетоци.

Напишете коментар