Skip to content

Паметни маски

Пламтат во темината

Го менуваат гласот на иднината

Воздухот го движат според милината

Умот го прекројуваат според големината

На срцето оставаат белези од небиднината.

 

Темнат во бистрината

Сведочат за празнината

Не го разбираат јазикот на вистината

Го креваат гласот кон лагата и самотијата

Но, не може да ја убијат на човека емоцијата.

 

Паметат за непаметнината

Без промена на големината

Се променуваат со времињата

Нема да ги зголемат бремињата

Ќе останат само во сеќавањата од небиднината.

 

Напишете коментар