Skip to content

Песната што дојдов да ја пеам – Рабиндранат Тагоре

Песната што дојдов да ја пеам, до ден денешен остана неиспеана.
Ги минав деновите во затегнување и попуштање на струите на својата харфа.

Времето не се обвистини, зборовите не еа складно составени;
Остана само крикот на жлебата во моето срце.

Цветот не расцвета; само здивот на ветерот крај него струи.
Неговото лице не го видов, ниту му го слушнав гласот; ги слушнав
само неговите лесни чекори на патеката пред мојата куќа.

Цел доготраен ден му простирав лежалка во гостинската соба,
но светилката не ја запалив и не го повикав во својата куќа.
Живеам со надеж дека ќе се сретнам со него, но часот за средба
сè уште не е дојден.

Напишете коментар