Skip to content

Поучна приказна: Две добри дела

Еден 18 годишен студент од Американскиот универзитет Стенфорд, покрај тоа и сиромав, се мачел да ја плати школарината. Била 1892 година. Не знаел кому да се обрати за помош, па смислил интересна идеја. Заедно со пријателот одлучиле да организираат концерт на кампот од универзитетот за да соберат донации од посителите.

Му се јавиле на тогашниот познат полски пијанист Игнациј Падеревски, кој прифатил да го одржи клавирскиот концерт за тогашни 2000 долари. Постигнале договор и Падеревски настапувал на Стенфорд. Но бидејќи не продале доволно карти и заработиле само 1600 долари се разочарале. Така разочарани пошле кај уметникот и му ги предале собраните пари и чек за преостанатите 400 долари кои имале намера да ги исплатат дополнително. Тогаш објасниле и зошто го организирале концертот.

На тоа Падеревски рекол: „Ова не е прифатливо!“, го зел чекот, го искинал и враќајќи ги парите им рекол: „Еве 1600 долари. Одземете ги од тоа сите трошоци за подготовките за концертот. Остатокот од парите задржете го за да платите школарина, а вратете ми го она што ќе остане.“ Студентите како да ги погодила божествена среќа.

Педеревски бил познат како голем борец за независност на Полска, а подоцна станал и премиер. Кога почнала Првата светска војна, Полска ја зафатило големо разурнување, а околу еден и половина милиони луѓе гладувале. Падеревски очаен ѝ се обратил за помош на Американската влада. Шефот на Американската агенција за храна и помош тогаш бил Херберт Хувер, кој подоцна ќе стане претседател на САД.

Хувер прифатил да помогне и веднаш испратил тони житарици за да се прехранат гладните во Полска. После тоа, Падеревски одлучил да појде во САД и лично да му се заблагодари на Хувер. Кога почнал да се заблагодарува, Хувер го прекинал. „Не треба да ми се заблагодарувате господине премиере. Вие веројатно за тоа не се сеќавате, но пред неколку години им помогнавте на двајца студенти да ги завршат студиите во САД. Јас сум еден од нив двајца.

Кога ќе се најдат во првата ситуација повеќето луѓе ќе помислат: „Ако им помогнам, што ќе биде со мојата заработка?“. Големите луѓе си велат себеси: „Ако им помогнам, што ќе биде со нив?“, неочекувајќи ништо за возврат. Добрите дела воглавно се враќаат.

Прочитајте ја и оваа кратка приказна за составот кој ја расплакал учителката.

Напишете коментар