Skip to content

12 правила за живот според Џордан Питерсон

Џордан Питерсон е психолог и канадски професор по клиничка психологија на Универзитетот во Торонто. Во изминатите години стекна огромна публика со своите предавања кои на сите им се достапни на неговиот јутјуб канал. Како и со гостувањата на разни телевизи.

Неговите предавања се многу разнолики. Од една страна најмногу го прославија острите критики на постмодернизмјот и политичката коректност. Од друга страна се советите за младите како да преземат одговорност за своите животи. Но и како да се носат со многуте, се побрзи политички и културолошки промени. Моментално важи за еден од најголемите борци за правото на слободата на говорот во Канада.

На неговата работа најголемо влијание имале Достоевски и Карл Јунг. Објаснувајќи го човечкото однесување, нешто како Јунг, Питерсон се служу со митови и религија, сметајќи дека тука се наоѓаат темелите на филозофијата на денешната западна култура.

Кога говори за младите луѓе во 21-от век, Џордан Питерсон донекаде е изненаден како се разнишани основните вредности, кога тој станал популарен благодарение на фразите како што се “Среди ја својата соба“ и “Зборувај ја вистината“.

Повеќе од 20 години работи како психотерапевт и од огромното искуство извлекол многу поуки. Така настанала книгата „12 правила за живот“ која кај нас е преведена од ТРИ. Во книгата Питерсон говори за многу познати проблеми, но на единствен и понекогаш ненамерно духовит начин.

Прослете ги накратко неговите 12 правила за животот.

1. Стој исправено и зафрли ги рамената

Како последица на комплексноста на нашиот нервен систем некогаш е полесно да се почне од нешто поедноставно, но слично како што е нервниот систем на морскиот рак. Со истражување на хиерархијата на доминација кај јастозите заклучено е дека количпината на излачениот серотонин е тесно и пропорционално поврзана со висината на положбата во општеството.

Во огромен број случаеви овие податоци се исти и кај луѓето. Кога стоиме исправени и со зафрлени рамена – излачуваме поголема количина сератонин, што директно влијае на нашата одлучност и доследност при постигнување на нашите цели. Поентата не е целосна едноставна колку и праивлото и конкретниот пример. Поуката од ова поглавје е секако подлабока.

2. Однесувај се кон себеси како особа за која се грижиш

Ако некој ги знае нашите маани грешки и глупости тогаш тоа сме ние самите. Последица од тоа знаење е подсвесно намалена грижа према себе. Џордан Питерсон во шега вели дека ги познава луѓето кои побрзо би купиле лек за своето куче отколку за себе.

Второто правило е вртење до добро познатото “прави им го на другите она што си го посакуваш себе“. Подобрување на себеси не е само право туку обврска која може да има големо влијание, како на поединецот така и на општеството.

Сите имаме огромни потешкотии во животот, колку и да дејствуваме поединечно и неповторливо. Питерсон на ова правило сака да ја додаде поуката од библиката – Сакај го грешникот, но мрази го гревот.

3. Спријатели се со луѓето кои ти посакуваат сè најдобро

Дали некогаш сте имале убава вест која сте ја поделиле со пријател, а како одговор не сте добиле “Браво!“ или “Супер!“ туку приказна за тоа како на тој пријателот некогаш му се случило нешто добро? Или уште поапсурдно – Како некогаш на некој што го познава му се случило нешто добро?

Ако е правилно размислувањето на Питерсон тогаш таквиот пријател не е добар. Добриот пријател го поддржува напредокот кој води кон целта која се обидувате да ја постигнете. Поддржувањето на пороци и останати само-деструктивни однесувања го прават лоши пријатели кои својто нихилизам или просто неуспех им го посакуваат и на луѓето окоилу себе, за да ги повлечат надолу. Заклучокот е дека добриот пријател е оној кој искрено се радува на твојот успех.

4. Споредувај се со себе од вчера, а не со некој друг од денес

Во животот сретнуваме неверојатен број луѓе и многу се големи шансите дека секој поединец во нешто е подобар од нас. Споредувањето со другите луѓе не е продуктивно и води кон огороченост.

Треба да се пронајде идеал кој ќе има улога на судија за нашите дела во животот. Секој ден треба да се запрашаме „Што можам денеска да направам со што ќе станам подобар отколку што бев вчера?“

Твојот живот е на повеќе од илјада начини поинаков од било кој друг. Ако сакаш да бидеш многу богат, не се труди да бидеш Бил Гејтс, туку замисли се себе богат и тежнеј секој ден кон тоа.

Џордан Питерсон исто така советува дека целта треба да се подели на неколку помали цели, така што ќе бидат достигнато релативно лесно, а сепак да бидат доволно големи за да го пружат потребното задоволство. Како детето кое почнува со проодување, чекор или два, сè додека не почне да оди нормално.

5. Не дозволувај им на децата да го работат она коешто ќе те натера дa не ти се допаѓаат

Овој совет за родителите звучи многу почудно отколку што е всушност. Од лично исксутво како и од искуството стекнато со психотерапија, Џордан Питерсон смета дека е многу наивно да се рече “Не може да ми се случи да не ми се допаѓа моето дете!“.

Едно слатко дете може да разнежни и најголем намќор, но секако не ако постојатно без престан вришти. Она што е паметно да се направи е да го учите детето да се однесува пристојно и да привлекува внимание од друштвото на добар начин. Таквиот начин на социјализација ќе му отвори многу врати во животот и секако позитивно ќе влијае на развојот на неговата личност.

6. Среди го својот дом пред да почнеш да го критикуваш светот

Питерсон смета дека префрлањето на сопствената вина на колективна вина на општеството создава огорченост кон светот и го стопира вистинскиот, личен напредок. Поставете си себеси темел, сопствена подлга на која ќе стоите – Во спротивно, некој друг ќе го направи тоа место вас. Напредокот до сопствените цели не е магија, тоа е унапредување на себеси.

7. Тежнеј кон нешто значајно (А не исклучино на корисно)

Кога некој ќе каже дека целта на животот е да се биде среќен, благо речено, авторот на оваа книга има исклучително несогласување со него. Тој смета дека таквото размислување е фундаментално погрешно и најубаво тоа го објаснува со музика – Веселата мелодија којашто ја слушате на телефон чекајќи или во лифт никако не може да биде подобра од трагичната соната од Бетовен. Следствено на тоа, барајте длабочина и значење, а не плтика површна среќа.

8. Говори ја вистината – Или барем не лажи

Сакаш да бидеш подобар човек? Почни од претпоставката дека повеќето работи кои ги говориш не си ги измислил ниту си сигурен дека веруваш во нив. Говори ја вистината и набљудувај како ќе почнеш да се чувствуваш посилен и постабилен. Повееќто луѓе свесно кажуваат лаги поради едноставниот конформизам.

И ако си прост, необразован или пристрасен формулирај ги зборовите правилно и зборувај ја вистината. Џордан верува дека само на овој начин човекот може да се развива правилно како силна личност. Ако тоа ти делува тешко барем прекини да говориш нешта за кои знаеш дека се лага. Лагите се очигледни и те прават слаб.

9. Претпостави дека особата со која разговараш знае нешто што ти не знаеш

Ова е јасно – Најдобрата одлика на еден интелектуалец секако не е сеопфатно образование туку  постојаната желба да се учи повеќе. Питерсон го поставува прашањето: “Сакаш да бидеш во право или да научиш нешто ново?“.

Вистински слушај што говорат луѓето, немој само да чекаш да го искажеш својот став. Радувај се на конструктивната критика бидејќи не сакаш да победиш во кавга туку сакаш да ја решиш и да го поправиш проблемот. Нели е патувањето поубаво и покорисно од вечното мирување во домот?

10. Зборувај прецизно

Идејата за слобода на говорот според Питерсон има многу длабоко значење. За него и многу мислители пред него, за да стане свесни за нешто, тоа нешто мора да има назив. Мора да има збор која е одредена само за таа работа. Тогаш поимот излегува од хаосот и станува нешто јасно, колку и да бил ужасен и страшен.

Одлично ја споредува оваа појава со ликот од романот за Хари Потер – Волдеморт, чиешто име не смее да се изговори. Оној кој ќе ја пробие бариерата на говорот тој ќе го совлада најстрашното чудовиште. Значи во лошите, тешки односи со некој, таа тешкотија ја чувствуваме физиолошки сè додека не ја именуваме. Кога својот проблем ќе го дефинираме, воглавно тој и се решава.

11. Не им пречи на децата кога возат скејтборд

Уште едно поглавје посветено на родителите и генерално на возрасните. Џордан Питерсон во една прилика малку посериозно ги набљудувал децата како возат скејтборд и бил исклучително избезумен од ризиците на кои тие се излагаат. Кога училиштетто одлучило да ги поправи геленедерите и скалите така што ќе им го оневозможи понатамошното скејтбордување, авторот на оваа книга се противел на тоа.

Мотивацијата за таквата помалку смешна борба за еден од професорите на универзитетот била многу занимлива. Имено, тој тоа опасно однесување иако некогаш го сфаќа само како последица на глупоста, го гледа како спонтан процес на развивање на личноста на едно дете.

Со забранувањето на одредени активности на децата го успорувате или во целост го запирањето развивањето на личноста и сосема сигурно ризикувате да ги претворите во плашливи и слаби особи.

12. Погали ја мачката кога ќе ја видиш на улица

Без грижи, правилото важи и за љубителите на кучиња. А тоа говори секако за добробитот на искористувањето на позитивните ситници во средина на лошите ситуации. Ако имаш прилиока за пријатна интеракција со некој – едноставно искористи ја.

Покрај тоа, како писател вели, ова најемотивно поглавје говори за маките на човечките души и како се борат со тие трагедии на умот, како депресијата.

Големите и длабоките проблеми не треба да се решаваат одеднаш барајќи совршено решение кое сè враќа во состојба на мир. Тоа едноставно не функционира така. Ако животните околности се груби и болни, не планирај далеку во иднината, планирај во роко од две минути. Тешките проблеми се решаваат со малечки чекори.

Како што вели авторот, тој и сам припаѓа во групата за која ги пишувал правилата и дека засекогаш ќе припаѓа.

Прочитајте ја и статијата за шестте обрасци на однесување со кои самите си го нарушувате душевниот мир.

Напишете коментар