Skip to content

Ти беше поинаков – Весна Велковска

  • by

Многу ѕидови дигнав околу себе

За да неможе никој да допре до мене

И добро ја глумев улогата моја

Никој не примети дека не сум своја.

 

Глумев јака и силна жена

Која е секогаш насмеана и мила

И живее живот без проблем и мака

И секој нејзе ѝ се восхитува и ја сака.

 

А све тоа го правев, не поради себе

Туку да ги задоволам тие околу мене,

Толку добро глумев што за миг поверував и сама

Дека животот ми е супер, иако е само драма.

 

Но ти беше поинаков,

Знаеше дека нешто ми се случува

Иако сакав да премолчам

Знаеше дека сакам да заплачам.

 

Само што ќе отворев уста да прозборам,

Ти веќе знаеше што сакам да кажам

Тебе не можев баш никогаш

За ништо да те излажам.

 

Знаеше кога стравот душата ми ја гори

Иако пред тебе стоев како ништо да не ме боли

И кога се обидував гласот да не ми трепери

Ти веднаш ми велеше – кажи сега што те вознемири.

 

Само ти во очите ја гледаше мојата тага

Иако пред тебе ни солза од око не ми падна

Ме познаваше подобро него што се знаев сама себе

Ти беше единствениот кој ме разбира мене.

 

Сега само ти си тој на кого му верувам

И со кого искрено можам да зборувам

Со тебе ја делам сета моја радост и тага

Со тебе сум јас онаа вистинската, права.

Весна Велковска

Напишете коментар