Skip to content

Џорџ Орвел, писателот кој знаел што нè чека и кој е “кум“ на најпознатите ТВ реални шоуа

Џорџ Орвел (25 јуни 1903 – 21 јануари 1950), е еден од најпочитуваните англиски есеисти од 20-ти век.

Книжевниот пророк себеси се сметал за анархрист и социјалист. Бил вистински противник и борец против сите облици на тиранија. Зад себе оставил две капитални дела по кои денеска се викаат двете најпознати реални ТВ шоуа „Големиот брат“ и (Животинска) „Фарма“.

Кога во минатото ги читале неговите книги, повеќе или помалку сметале дека тоа е футуристичка фантастика и дека е невозможно неговите иеди навистина да се обвистинат барем во олкава мера. За жал не само што неговите визии се обвистиниле туку и цивилизацијата во последните децении ја надминаа неговата бујна фантазија.

На името Ерик Артур Блер (кое е негово вистинско име) никој не би се возбудил, но нештата стануваат појасни кога знаете дека псевдонимот му е Џорџ Орвел. Овој новинар и писател секогаш привлекувал специфични теми, се занимавал со социјални неправди и општеството воопшто. А на човештвото како аманет му остави две капитални дела, „1984“ и „Животинска фарма“.

Во многу нешта Орвел бил прв. Предвидел во каков монструм ќе се изроди демократијата помешана со либерал капитализмот. И каде ќе нè доведе модерната технологија. Прв ги сковал кованиците како што се “ладна војна“ и “Големиот брат“, до детали го опишал системот наменет за контрола на нашите мислења и однесување.

Време на камери и екрани

Писателот и преведувач Горан Скробоња, кој за разлика од британскиот пророчки автор во своите романи „Човекот кој го уби Тесла“ и „Сите деца на Тесла“ се занимавал со менување на минатото, оценува дека предикционите црти на Орвеловите дела се несомнени. Според него очигледно е дека Орвел многу јасно согледал што ќе се случува денеска, тука нема никаков сомнеж. Тој смета дека Орвел погрешил само во една работа.

Предвидел дека опресијата ќе ни биде наметната од страна на државата додека испаднало дека сите ние брзаме да ја прифатиме низ силните екрани што ги користиме. Преку камерите кои нè следат и можат секогаш да знаат каде се наоѓаме и со кого се наоѓаме, што зборуваме и што правиме.

Тој објаснува дека она што мислиме дека сме го избришале може да биде вратено. „Не само што може да биде вратено туку никогаш не исчезнува од тој некој “облак“ и секогаш е на продажба. Сите видови информации кои своеволно ги нудиме низ социјалните мрежи пред сè фејсбук, твитер. Но исто така користејќи наводно бесплатни сервиси како што се мејловите и разни апликации од Гугл.

Низ сето тоа ние даваме некои свои сервисни информации кои сопствениците на тие сервиси и апликации ги изнесуваат на пазарот на оние кои се заинтересирани да ги купат тие апликации. А тие воглавно се огласувачите, рекламерите, но исто така и криминалците кои можат да го искористат тоа на најлош можен начин.“

5 вистини кои се оствариле

Јазикот на политичарите е креиран така што лагите треба да звучат искрено, а убиствата почитувани. Тие даваат привид на цврстина на чист ветар. Во нашето време не постои такво нешто како што е “стојте подалеку од политиката“. Сите проблеми се политички проблеми. А политиката е мешавина од лаги, таења, глупости, омраза и шизофренија.

Зад Орвел останале најмалку пет вистини кои непогрешливо се оствариле. Тие можеме да ги докажеме со проста логика.

1. Покрај споменатиот факт дека „Големиот брат нè набљудува“ преку социјалните мрежи што е потврдено со случајот Едвард Сноуден, во романот „1984’ објавен во далечната 1949 година сите се набљудувани преку мобилните уреди. Секој израз на лицето е внимателно следен за да се открие дали некој евентуално планира да направи нешто лошо.

2. Во истата книга најголемиот страв кој писателот го искажува е оној за исчезнувањето на индивидуализмот и слободните зборови што е симболизирано низ една партија која сè контролира.

3. По истиот принцип и денеска големите корпорации ги следат движењата на купувачите за да ги анализираат навиките и да смислат начин да ги убедат да купуваат уште повеќе. На интернет “од никаде“ ни се појавуваат огласи за нештата кои пред тоа сме ги пребарувале. Камерите или микрофоните на компјутерите можат да се вклучат без наше знаење. Значи – Големиот брат нè набљудудва.

4. Во романот „1984“ писателот вели: „Војната е мир. Слободата е ропство. Незнаењето е моќ“. Нешто слично своевремено изјавил поранешниот претстадел на Америка Џорџ Буш помладиот говорејќи за борбата против тероризмот. Тој рекол: „Само би сакал да знаете дека кога зборуваме за војна ние всушност мислиме на мир“.

5. Во истата книга “Министерството за вистина“ е задолжено за вести, цензура и секако лаги. Ова е слика и прилика на денешните медиуми во кои доминира свесно извртување на информациите. Но и преплавени сме со реални шоуа на ТВ со содржини кои одвлекуваат внимание од вистинските проблеми. Додека споредбата со мачно заработените пари, притиснати со реклами, ги трошиме на нешта кои не ни требаат, јадеме синтетичка храна итн. е сосема точна.

Прочитајте ја статијава и дознајте зошто Орвеловата „1984“ е толку значајна.

Напишете коментар